Слободните економски зони во земјава покажуваат раст на извозот од 27,7 отсто во првите три месеци од годинава. Или во странство биле извезени производи во вкупна вредност од над 325 милиони евра. Првиот човек на дирекцијата за слободни зони Тетово, Виктор Мизо, на народниот собир во Тетово рече дека очекува овој тренд да продолжи и да се урне ланскиот годишен рекорд од 1 милијарда и 170 милиони евра. Македонија доживува извозен бум, особено на индустриски производи со висока додадена вредност. Сите компании кои веќе се функционални активно работат, зголемен е бројот на нарачките кои тие ги имаат од нивните партнери во Европа и нормално со започнување со работа на другите компании во зоните, се надеваме дека тој број ќе расте, додаде Мизо.
Слободните економски зони во земјава покажуваат раст на извозот од 27,7 отсто во првите три месеци од годинава. Или во странство биле извезени производи во вкупна вредност од над 325 милиони евра. Првиот човек на дирекцијата за слободни зони Тетово, Виктор Мизо, на народниот собир во Тетово рече дека очекува овој тренд да продолжи и да се урне ланскиот годишен рекорд од 1 милијарда и 170 милиони евра.
„Македонија доживува извозен бум, особено на индустриски производи со висока додадена вредност. Сите компании кои веќе се функционални активно работат, зголемен е бројот на нарачките кои тие ги имаат од нивните партнери во Европа и нормално со започнување со работа на другите компании во зоните, се надеваме дека тој број ќе расте“, додаде Мизо.
Податоците на Заводот за државната статистика покажуваат дека извозот и натаму расте побргу од увозот, односно дека се намалува трговскиот дефицит. Вкупно 4,9 милијарди долари била вредноста на производите што во 2014, завршиле на странските пазари, за 15,6 отсто повеќе од претходната година. Во истиот период увозот бил 7, 2 милијарди долари, или зголемување од 10,3 отсто.