Од понеделник ќе почне издавањето евидентни листови за производителите на тутун, а годинава првпат тие ќе бидат електронски. За таа цел, тутунопроизводителите претходно треба да пополнат две пријави. За првпат листовите ќе се издаваат електронски, така што ќе биде потребно земјоделците да пополнат пријава врз основа на која ќе се изготвуваат евиденциите. Од тутунските здруженија информираат дека досега во регионот се откупени 60 отсто од годинашната реколта тутун. Според претседателот на Групацијата на тутунари, Никола Стаменов, откупот се одвива со планираната динамика. Единствен проблем е големата разлика во цената меѓу класите, за што се прават потребните напори за да се надмине ситуацијата.
Од понеделник ќе почне издавањето евидентни листови за производителите на тутун, а годинава првпат тие ќе бидат електронски. За таа цел, тутунопроизводителите претходно треба да пополнат две пријави.
„За првпат листовите ќе се издаваат електронски, така што ќе биде потребно земјоделците да пополнат пријава врз основа на која ќе се изготвуваат евиденциите“, изјави Катица Панзевска, раководител во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица.
Од тутунските здруженија информираат дека досега во регионот се откупени 60 отсто од годинашната реколта тутун.
Според претседателот на Групацијата на тутунари, Никола Стаменов, откупот се одвива со планираната динамика. Единствен проблем е големата разлика во цената меѓу класите, за што се прават потребните напори за да се надмине ситуацијата.
На ниво на Македонија, откупени се околу 12 илјади тони тутун, а се исплатени 81 отсто од преземените количини, покажуваат податоците од ресорното Министерство. Просечната откупна цена е 186 денари и досега нема регистрирано барање за второстепена комисија.