Електронската наплата на патарините одложена за уште една година

Bez autora
Jun 05 2016

Уште најмалку една година ќе доцни проектот за електронска наплата на патарините. И летово на Коридорите 10 и 8 ќе има чекање во долги редици, застанување и плаќање во готово. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека проектот кој беше најавуван дека ќе стартува во април годинава, се одложува за 2017 година, но не ги посочуваат причините. Плаќањето патарина со картичка започна да се најавува пред околу пет години. Тогаш и се обезбедија финансии со заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 15,8 милиони евра, а од ЈП за државни патишта потврдуваат дека финансиските обврски кон банката се исполнуваат според договорот за заем. Градежните работи се во тек, а во завршна фаза е и изработката на потребна документација за проектот, велат од Јавното претпријатие.

Електронската наплата на патарините одложена за уште една годинаУште најмалку една година ќе доцни проектот за електронска наплата на патарините. И летово на Коридорите 10 и 8 ќе има чекање во долги редици, застанување и плаќање во готово.

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека проектот кој беше најавуван дека ќе стартува во април годинава, се одложува за 2017 година, но не ги посочуваат причините. Плаќањето патарина со картичка започна да се најавува пред околу пет години.

Тогаш и се обезбедија финансии со заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 15,8 милиони евра, а од ЈП за државни патишта потврдуваат дека финансиските обврски кон банката се исполнуваат според договорот за заем.

„Градежните работи се во тек, а во завршна фаза е и изработката на потребна документација за проектот“, велат од Јавното претпријатие.

Инсталацијата на електронскиот систем за наплата ќе ја поставува турската фирма „Аселсан“, со која беше потпишан договор во ноември 2014 година. Иако рокот за изведба на проектот беше 15 месеци, сепак, неговиот старт зависи од завршувањето на градежните работи на некои од патарините.

Со проектот за електронска наплата е предвидено модернизирање на патарините само на Коридорот 10, а автопатот кон Гостивар останува со стариот систем на наплата, пари на рака.

Со смарт-картичките треба да се олесни и забрза плаќањето на таксата, ќе се намали проблемот со создавање редици автомобили пред рампите, но и да се обезбеди функционирање на потсистемите за броење и категоризација на сите возила кои поминуваат, видеонадзорот, како и контрола и архивирање и поврзување на наплатните станици со централен контролен систем.

Градежни работи се предвидени на две од петте наплатни рампи на Коридорот 10. Романовце ќе се премести на нова локација за неколку стотини метри, за да може да се зголеми бројот на ленти.

Во план е да се дислоцира и патарината Градско, а двете рампи наместо досегашните 5, ќе имаат по 10 ленти. Останатите патарини Петровец, Сопот и Отовица ќе бидат реконструирани, проширени и модернизирани, а предвидена е и изградба на две нови рампи кај Демир Капија и Гевгелија.

Плаќањето ќе се реализира на два начини, со бесконтактни смарт-картички и преку микробранови транспордери.

„Засега не се знае колку ќе чинат смарт-картичките со кои ќе се плаќа таксата, бидејќи тие ќе се набавуваат идната година“, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Предвидено е смарт-картичките да бидат припејд и постпејд, а првично ќе се продаваат во кабините на наплатните станици, а понатаму и во други малопродажни места како бензински станици.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik