Електронски увид во даночната картичка

Bez autora
Sep 02 2010

Правните лица од вчера може електронски да направат увид во својата даночна картичка. Управата за јавни приходи (УЈП) оваа услуга им ја нуди бесплатно со поднесување образец до институцијата од која ќе добијат код за нејзино користење. Во моментов, како што информира Мухадин Авдиќ од УЈП, оваа услуга е достапна за даночни обврзници што веќе се регистрирани и ја користат услугата електронско поднесување даночна пријава. Од 60-те илјади за кои е достапна оваа услуга заклучно со 31 август ја користат речиси 5.000 правни лица. Покрај за фирмите, од УЈП најавија дека се работи и на проект и граѓаните да може да поднесуваат електронски даночни пријави. Проектот треба да се реализира во 2011 година, а услугата би била достапна шест месеци по потпишување на договорот. Нивна крајна цел е користењето електронските услуги да стане и законска обврска, како што е во некои европски земји.

Електронски увид во даночната картичкаПравните лица од вчера може електронски да направат увид во својата даночна картичка. Управата за јавни приходи (УЈП) оваа услуга им ја нуди бесплатно со поднесување образец до институцијата од која ќе добијат код за нејзино користење, јави МИА.

Во моментов, како што информира Мухадин Авдиќ од УЈП, оваа услуга е достапна за даночни обврзници што веќе се регистрирани и ја користат услугата електронско поднесување даночна пријава. Од 60-те илјади за кои е достапна оваа услуга заклучно со 31 август ја користат речиси 5.000 правни лица.

Покрај за фирмите, од УЈП најавија дека се работи и на проект и граѓаните да може да поднесуваат електронски даночни пријави. Проектот треба да се реализира во 2011 година, а услугата би била достапна шест месеци по потпишување на договорот. Нивна крајна цел е користењето електронските услуги да стане и законска обврска, како што е во некои европски земји.

Покрај електронскиот увид во даночната картичка и поднесувањето на даночната пријава по електронски пат, Управата за јавни приходи овозможи и електронско поднесување на пресметката за бруто-плата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik