Од над еден милион предмети, колку што се примени во Агенцијата за катастар на недвижности, од почетокот на годинава, дури 44 отсто се пристигнати преку електронскиот шалтер на Катастар. Тоа значи дека половина од граѓаните работата ја завршиле во општина, кај нотар или во приватна геодетска фирма. На тој начин тие не само што го скратиле времето за решавање на предметот, туку и драстично си ги намалиле и трошоците. Ова го рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славчо Трпески, кој вчера беше на заедничките отворени денови со Управата за имотноправни работи во Општина Гази Баба. Како пример за намалените трошоци и време, тој посочи дека имотниот лист во 2005 година чинеше 350 денари, наспроти електронскиот кој сега чини 150 денари, додека за запишување купопродажба на стан пред 10 години просечно беа потребни повеќе од 90 дена, а сега тоа е сведено на само шест часа, исто колку што е потребно и за запишување хипотека.
Од над еден милион предмети, колку што се примени во Агенцијата за катастар на недвижности, од почетокот на годинава, дури 44 отсто се пристигнати преку електронскиот шалтер на Катастар. Тоа значи дека половина од граѓаните работата ја завршиле во општина, кај нотар или во приватна геодетска фирма. На тој начин тие не само што го скратиле времето за решавање на предметот, туку и драстично си ги намалиле и трошоците.
Ова го рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славчо Трпески, кој вчера беше на заедничките отворени денови со Управата за имотноправни работи во Општина Гази Баба. Како пример за намалените трошоци и време, тој посочи дека имотниот лист во 2005 година чинеше 350 денари, наспроти електронскиот кој сега чини 150 денари, додека за запишување купопродажба на стан пред 10 години просечно беа потребни повеќе од 90 дена, а сега тоа е сведено на само шест часа, исто колку што е потребно и за запишување хипотека. Трпески рече дека Гази Баба е една од општините која најмногу го користи електронскиот шалтер преку кој досега се издадени 4.254 имотни листови.
„Граѓаните на ова подрачје наместо да одат во Катастарот услугите ги добиваат тука, во Општината и на тој начин си го скратуваат и времето и трошоците“, рече Трпески. Електронскиот шалтер на Катастар моментално го користат над 700 професионални корисници, а во тек се обуки и на преостанатите државни органи и служби со пренесени јавни овластувања. Директорот рече дека изминатиот период се направени промени на повеќе од 20 закони, со цел целокупната работа што ја имаат сите служби со Катастар да ја прават по електронски пат.