ЕЛЕМ: „Фероинвест“ не го доби тендерот за РЕК-Битола, постапката е во тек

Bez autora
Sep 10 2017

Во врска со тендерот за набавка на гумени траки за РЕК-Битола, во кој се споменува фирмата „Фероинвест“, АД ЕЛЕМ информира дека за тој тендер досега се одржани две аукции, на кои, бидејќи набавката е поделена на три дела, најповолна цена понудиле три фирми, меѓу кои и „Фероинвест“. Од компанијата велат дека аукциите потоа се поништени по жалби од други учесници во наддавањето, така што следната недела ќе се одржи нова аукција за овој тендер. Постапката за сегашниот тендер е почната во текот на мандатот на претходното раководство на АД ЕЛЕМ. Првата електронската аукција е одржана и поништена во текот на тој мандат, втората е одржана и поништена по доаѓањето на новото раководство, а следната недела ќе се одржи јавно наддавање по трет пат. Тоа значи дека повторно сите заинтересирани фирми ќе учествуваат во аукцијата за овој тендер, соопшти АД ЕЛЕМ.

ЕЛЕМ: „Фероинвест“ не го доби тендерот за РЕК-Битола, постапката е во текВо врска со тендерот за набавка на гумени траки за РЕК-Битола, во кој се споменува фирмата „Фероинвест“, АД ЕЛЕМ информира дека за тој тендер досега се одржани две аукции, на кои, бидејќи набавката е поделена на три дела, најповолна цена понудиле три фирми, меѓу кои и „Фероинвест“.

Од компанијата велат дека аукциите потоа се поништени по жалби од други учесници во наддавањето, така што следната недела ќе се одржи нова аукција за овој тендер.

„Постапката за сегашниот тендер е почната во текот на мандатот на претходното раководство на АД ЕЛЕМ. Првата електронската аукција е одржана и поништена во текот на тој мандат, втората е одржана и поништена по доаѓањето на новото раководство, а следната недела ќе се одржи јавно наддавање по трет пат. Тоа значи дека повторно сите заинтересирани фирми ќе учествуваат во аукцијата за овој тендер“, соопшти АД ЕЛЕМ.

Што се однесува до интересот на јавноста за споменатото правно лице, ЕЛЕМ инфофмира дека за тоа лице претходното и сегашното раководство првично утврдиле дека има дадено најповолна цена само за еден дел од пакетот за набавка на гумени траки , а за другите два дела од пакетот раководството на АД ЕЛЕМ утврдило дека најповолни понуди дале правни лица од Бугарија и од Полска.

„Сакаме да информираме и дека фирмата ‘Фероинвест’ и во изминатите години, во одредени периоди, набавувала дел од потребната количина на гумени траки за РЕК-Битола, услуга која што ја извршувале и други фирми од земјата и одстранство. Напоменуваме уште еднаш, дека тендерот не е завршен, дека двете досега одржани јавни аукции, после кои се утврдени фирмите кои дале најниски цени- се поништени по жалби на другите конкуренти, и дека следната недела ќе се одржи ново наддавање“, велат од компанијата.

Фирмата „Фероинвест“ е на вицепремиерот Кочо Анѓушев, но тој не е управител на истата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik