ЕЛЕМ може да се приватизира со издавање ваучери на граѓаните

Bez autora
May 10 2015

По примерот на Хрватска, каде што се планира ИПО на државната компанија „Хрватска електропривреда – ХЕП“, сметам дека и кај нас треба да се размислува околу продажбата на државната компанија „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), која по некои проценки вредноста изнесува над 500 милиони евра. Тука, може да се примени моделот на приватизација преку издавање на ваучери на граѓаните на Македонија. Таков пример имаше во соседна Србија преку приватизацијата на НИС „Нафтена индустрија“ Србија, бројот на акционери се зголеми за 5 милиони. Сметам дека истиот процес може да се примени и во приватизација на ЕЛЕМ, каде што голем дел од вработените и граѓаните кои не учествуваа во приватизацијата во Македонија ќе добијат ваучери кои ќе ги продаваат преку берза, а со тоа ќе се зголеми бројот на трансакции на промет на берзата.

ЕЛЕМ може да се приватизира со издавање ваучери на граѓанитеПо примерот на Хрватска, каде што се планира ИПО на државната компанија „Хрватска електропривреда – ХЕП“, сметам дека и кај нас треба да се размислува околу продажбата на државната компанија „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), која по некои проценки вредноста изнесува над 500 милиони евра. Тука, може да се примени моделот на приватизација преку издавање на ваучери на граѓаните на Македонија.

Таков пример имаше во соседна Србија преку приватизацијата на НИС „Нафтена индустрија“ Србија, бројот на акционери се зголеми за 5 милиони. Сметам дека истиот процес може да се примени и во приватизација на ЕЛЕМ, каде што голем дел од вработените и граѓаните кои не учествуваа во приватизацијата во Македонија ќе добијат ваучери кои ќе ги продаваат преку берза, а со тоа ќе се зголеми бројот на трансакции на промет на берзата. Тоа, исто така, ќе придонесе за влез на странски инвеститори, од една страна, и за зголемување на потрошувачката од продажбата на ваучерите, од друга.

Во однос на секундарниот пазар, сум оптимист дека ќе се развие поради историски ниските каматни стапки. Во тој правец компаниите кои би издале финансиски инструменти како што се новите емисии на акции и корпоративните обврзници би имале огромен успех бидејќи тие ќе позајмат парични средства со пониски трошоци од оние што би се задолжиле преку кредити од комерцијалните банки. Во прилог на ова оди што активните каматни стапки на комерцијалните банки се симнаа со помал интензитет од пасивните каматни стапки. Мислам дека поголема либерализација на законите и регулативата на пазарот на капитал ќе донесе поголем прилив на странски портфолио инвеститори на берзата, од причина поради што мислам дека македонскиот пазар на капитал е мал и доколку сакаме да се глобализира мора да постојат полиберални услови за работа. Во тој правец дополнително стимул на берзата би претставувало олеснување на даночната регулатива во врска со персоналниот данок за дивидендите што компаниите ги исплаќаат како и даночно олеснување на котираните компании како што постоеше во минатото.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik