Сто и тринаесет државни фирми минатата година инкасирале приходи од 780,4 милиони евра, што е повеќе за 10,8 отсто од 2014 година, а 29 од овие 113 компании направиле загуба од 31,3 милиони евра. Според резултатите од истражувањето на „Центарот за граѓански комуникации“, приходите на државните компании се движеле меѓу 25 илјади евра до повеќе од 260 милиони евра. На врвот на листата од 10 претпријатија со најголеми остварени приходи во 2015 година е државната ЕЛЕМ, со 261,4 милиони евра, повеќе за 8,5 отсто, во однос на 2014 година. Вторo се ЈП за државни патишта со 94,9 милиони евра, на трето место е МЕПСО со приходи од 85,1 милиони евра или за 28,6 отсто повеќе од една година претходно.
Сто и тринаесет државни фирми минатата година инкасирале приходи од 780,4 милиони евра, што е повеќе за 10,8 отсто од 2014 година, а 29 од овие 113 компании направиле загуба од 31,3 милиони евра.
Според резултатите од истражувањето на „Центарот за граѓански комуникации“, приходите на државните компании се движеле меѓу 25 илјади евра до повеќе од 260 милиони евра.
На врвот на листата од 10 претпријатија со најголеми остварени приходи во 2015 година е државната ЕЛЕМ, со 261,4 милиони евра, повеќе за 8,5 отсто, во однос на 2014 година. Вторo се ЈП за државни патишта со 94,9 милиони евра, на трето место е МЕПСО со приходи од 85,1 милиони евра или за 28,6 отсто повеќе од една година претходно.
Следува ЈСП Скопје, со 30,1 милиони евра, а по него се „Македонски шуми“ со 28,9 милиони евра, „Македонски железници - Транспорт“ со 27,2 милиони евра, АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, со околу 26 милиони евра, „Водовод и канализација3 со 23,2 милиони евра, „Македонска пошта“ со 22,3 милиони евра и „Македонска радио-телевизија“ со приход од 20,9 милиони евра.
Инаку, приходите на овие први десет фирми зафаќаат 80 отсто од вкупната инкасирана сума кај сите 113 претпријатија.
„Државните фирми лани го зголемиле профитот, а ги намалиле загубите. Од 113 претпријатија, 84 пријавиле добивки во вредност од 40,1 милиони евра. Загубари биле 29, кои имале вкупна загуба од 31,3 милиони евра, за една третина помалку од 2014“, стои во истражувањето.
Најголем профит лани остварил МЕПСО, 11,5 милиони евра, за 40,6 отсто повеќе од 2014 година. Ова е единствено државно претпријатие што остварило профит од над 10 милиони евра. Второ е ЈП за државни патишта, со 8,9 милиони евра, следува ЕЛЕМ со добивка од 6,7 милиони евра.
Во најпрофитабилните десет компании се и АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, ЈСП, „Македонски шуми“, „Македонска радиодифузија“, „Македонска радио-телевизија“, „Комуналец“ од Гостивар и скопското ЈП „Улици и патишта“, со заработка од 560 илјади евра.
Меѓу најголемите загубари, пак, на врвот на листата е ЈП за извршување водостопански дејности, ХС „Злетовица“ - Пробиштип, со минус од 10,9 милиони евра. Со загуба од речиси 8 милиони евра, втори на листата се „Македонски железници- инфраструктура“, а трето е „Стрежево“ - Битола со загуба од 3,6 милиони евра. По нив се „Водовод и канализација – Скопје“ „Аеродроми на Македонија“ , „Проаква“- Струга, „Македонија пат“, „Македонски железници - Транспорт“, ЈП за водостопанство „Лисиче“ од Велес и скопски „Паркови и зеленило“.
Според Централниот регистар, вкупниот број на вработени во 113 претпријатија во 2015 година изнесувал 27.767, за 1,2 отсто повеќе од 2014. Најголем работодавец бил ЕЛЕМ, со 4.527 вработени, а во првите десет претпријатија се вработени 62 отсто од сите вработени во 113 анализирани државни фирми.
Истражувањето на „Центарот за граѓански комуникации“ ги опфаќа државните компании и сите претпријатија во државна сопственост (јавни претпријатија и акционерски друштва) основани од Владата, од Советите на општините и од Град Скопје, кои доставиле годишна завршна сметка до Централниот регистар.