Европската унија донесе одлука за кратење на дополнителни 69 милиони евра, средства од ИПА. Oваа мерка има директни последици за Коридорот 8. Исто така со оваа мерка, ЕУ планира да и ги одземе надлежностите на Владата за менаџирање на ИПА фондовите, кои досега беа децентрализирани. Тоа значи дека ЕУ директно ќе одлучува на кои проекти ќе бидат потрошени европските пари. Минатата недела, ЕУ скрати 27 милиони евта од ИПА2 фондовите наменети за развој на демократија и управување, за судски реформи и основните права, за екологија, транспорт, општествен развој, земјоделство и регионална соработка.
Европската унија донесе одлука за кратење на дополнителни 69 милиони евра, средства од ИПА. Како што објави телевизијата Алсат М, оваа мерка има директни последици за Коридорот 8.
Исто така со оваа мерка, ЕУ планира да и ги одземе надлежностите на Владата за менаџирање на ИПА фондовите, кои досега беа децентрализирани.
Тоа значи дека ЕУ директно ќе одлучува на кои проекти ќе бидат потрошени европските пари.
Минатата недела, ЕУ скрати 27 милиони евта од ИПА2 фондовите наменети за развој на демократија и управување, за судски реформи и основните права, за екологија, транспорт, општествен развој, земјоделство и регионална соработка.