Kанадската компанија „Еуромакс ресорсис“ објави деновиве дека Германија ќе и' одобри неусловен заем од 240 милиони долари за 12-годишно финансирање на проектот за експлоатација на Иловица, кој е оценет како економски одржлив. Заемот е во таква форма, како што објавуваат медиумите, што ги осигурува кредиторите на проектот од загуби направени поради комерцијални или од политички ризици. Струмичкото наоѓалиште „Иловица“ важи за едно од поголемите нови наоѓалишта на бакар и злато на Балканот. Иако се проценува дека резервите се над 500 милиони тони руда, процентот на злато во бакарот не е големо и изнесува 0,23 отсто.
Kанадската компанија „Еуромакс ресорсис“ објави деновиве дека Германија ќе и' одобри неусловен заем од 240 милиони долари за 12-годишно финансирање на проектот за експлоатација на Иловица, кој е оценет како економски одржлив.
Заемот е во таква форма, како што објавуваат медиумите, што ги осигурува кредиторите на проектот од загуби направени поради комерцијални или од политички ризици.
Струмичкото наоѓалиште „Иловица“ важи за едно од поголемите нови наоѓалишта на бакар и злато на Балканот. Иако се проценува дека резервите се над 500 милиони тони руда, процентот на злато во бакарот не е големо и изнесува 0,23 отсто.
Сепак, „Иловица“ буди интерес кај странските компании за добивање на концесија за повеќегодишна експлоатација. Канадската компанија „Еуромакс ресорсис“, која повеќе од една година има добиено две концесии за ископување на „Иловица“, планира нив да ги обедини во една, за ова наоѓалиште да прерасне во рудник.
За да се оствари оваа инвестиција, потребни се околу 500 милиони евра, па компанијата е во потрага по заеми од европски и други банки, велат познавачите на состојбите.
Така, „Еуромакс ресорсис“ веќе има добиено заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 25 милиони евра, со гарантиран откуп на злато за банката. Според енергетски експерти, со оглед дека станува збор за значајна сума пари, поради политичката ситуација во земјава, постои резерва кај нив дека работите ќе течат мазно и дека годинава би се реализирала и практично намерата на „Еуромакс ресорсис“ за инвестирање во овој рудник.
Според информации на „Еуромакс ресорсис“, клучните претпоставки за овој проект се базираат врз геолошки истражувања, врз можностите да се обезбедат потребната понуда, опрема, персонал и финансиски средства потребни за извршување на планираните активности.
Со еден збор, се очекува дека плановите и активностите на компанијата се остварливи. Факторите на ризик, пак, според „Еуромакс ресорсис“, се дека се можни варијации во смисла на количеството минерални суровини, на нивниот квалитет и на стапката на нивното обновување.
Инаку, отворањето на рудникот за бакар и злато „Иловица“ важи за најголемата гринфилд-инвестиција во државава, а со неговиот почеток што се планира да биде во 2017 година, се очекува вработување на 400 лица од Струмичко.
Канадската „Еуромакс ресорсис“ уште лани објави дека резултатите од претфизибилити-студијата за рудникот покажале дека проектот има економски потенцијал.
Целата инвестиција се предвидува дека ќе чини околу 500 милиони долари. Проектот „Иловица“ ќе има годишен капацитет од 10 милиони тони руда и годишно ќе произведува просечно по 95.000 унци (2,7 тони) злато и 16.000 тони бакар, при што животниот век на рудникот се предвидува да трае 23 години.
Според неодамнешната изјава на Пат Фотворд, главниот оперативен директор на „Еуромакс ресорсис“, претфизибилити-студијата дефинира финансиски атрактивен проект.
„Компанијата е во одлична позиција да продолжи со работа на целосната физибилити-студија, а потоа и на деталното проектирање, со цел да ја исполниме амбицијата, да го изградиме и да управуваме со првиот голем модерен рудник во Македонија“, изјави Фотворд.