ЕВН-Македонија вчера отпочна со реконструкција на дистрибутивната мрежа во центарот на Велес. Работите, според проектот, ќе се одвиваат во две фази. Во првата ќе биде заменета старата нисконапонска мрежа, ќе се постават нови електрични водови со поголем пречник, а ќе бидат заменети и старите дрвени столбови со нови бетонски. Во наредниве денови, велат од ЕВН, ќе биде извршена и реконструкција на дел од старите трафостаници во кои ќе бидат вградени трансформатори со двојно поголема моќност. За реконструкција на електричната мрежа и трафостаниците ЕВН ќе инвестира пет милиони денари. Со овие зафати, корисниците од центарот на Велес, ќе добијат сигурност во снабдувањето и намалување на прекините во дистрибутивната мрежа. Паралелно со реконструкциите во центарот на градот, секојдневно се работи и на одржување на нисконапонската мрежа, трафостаниците и среднонапонската мрежа во општина Велес.
ЕВН-Македонија вчера отпочна со реконструкција на дистрибутивната мрежа во центарот на Велес.
Работите, според проектот, ќе се одвиваат во две фази. Во првата ќе биде заменета старата нисконапонска мрежа, ќе се постават нови електрични водови со поголем пречник, а ќе бидат заменети и старите дрвени столбови со нови бетонски. Во наредниве денови, велат од ЕВН, ќе биде извршена и реконструкција на дел од старите трафостаници во кои ќе бидат вградени трансформатори со двојно поголема моќност.
За реконструкција на електричната мрежа и трафостаниците ЕВН ќе инвестира пет милиони денари. Со овие зафати, корисниците од центарот на Велес, ќе добијат сигурност во снабдувањето и намалување на прекините во дистрибутивната мрежа. Паралелно со реконструкциите во центарот на градот, секојдневно се работи и на одржување на нисконапонската мрежа, трафостаниците и среднонапонската мрежа во општина Велес.
Во втората фаза, според проектот на ЕВН, ќе биде заменета нисконапонската мрежа на делот од улицата "11 Октомври", ќе се постави нов нисконапонски кабел, а ќе биде заменета и среднонапонско електрична мрежа во должина од еден километар. До крајот на оваа и во текот на идната година ЕВН вакви зафати планира и во другите делови на Велес со цел да го реши проблемот со старата и веќе дотраена електрична мрежа и да им обезбеди на жителите квалитетно снабдување со струја.