Најмалку 1,2 милион евра незаконски наплатила ЕВН од граѓаните преку двојна наплата на манипулативниот трошок во сметките за струја од мај 2006 до февруари 2008 година. Прекршокот на ЕВН го констатира Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), која на компанијата ~ изрече парична казна од 500.000 евра. Според образложението на Комисијата, ЕВН е казнета бидејќи ја злоупотребила доминантната позиција на пазарот со тоа што во наведениот период два пати го наплаќала манипулативниот трошок од 6 денари. Односно, австриската компанија го наплаќала овој трошок како посебна ставка на секоја сметка, иако 6 денари веќе биле пресметани во цената за потрошена електрична енергија. Сумата што сега ја побарува КЗК е пониска од таа што првично ја одреди и која изнесуваше 1,3 милион евра и изнесува 500.000 евра.
Најмалку 1,2 милион евра незаконски наплатила ЕВН од граѓаните преку двојна наплата на манипулативниот трошок во сметките за струја од мај 2006 до февруари 2008 година.
Прекршокот на ЕВН го констатира Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), која на компанијата ~ изрече парична казна од 500.000 евра.
Според образложението на Комисијата, ЕВН е казнета бидејќи ја злоупотребила доминантната позиција на пазарот со тоа што во наведениот период два пати го наплаќала манипулативниот трошок од 6 денари. Односно, австриската компанија го наплаќала овој трошок како посебна ставка на секоја сметка, иако 6 денари веќе биле пресметани во цената за потрошена електрична енергија. Сумата што сега ја побарува КЗК е пониска од таа што првично ја одреди и која изнесуваше 1,3 милион евра и изнесува 500.000 евра.
Парите од казната ЕВН треба да ги уплати во државниот буџет. Од Комисијата објаснуваат дека при одредувањето на казната ги зеле предвид природата на прекршокот, пазарниот удел на компанијата, големината на пазарот и времетраењето на прекршокот.
- Комисијата особено внимаваше изречената глоба да има и доволно одвратувачки ефект, не само за да се санкционира конкретниот сторител, туку и да се одвратат други претпријатија од почнување или продолжување со однесување кое е во спротивност со законските одредби - пишува во образложението на Комисијата.
Грубите пресметки покажуваат дека секое од 600.000 домаќинства било оштетено за околу 130 денари. Но, незаконски стекнатата добивка на компанијата се мери во милиони евра.
Од ЕВН сметаат дека одлуката на Комисијата е неоправдана.
- Ќе го искористиме рокот од осум дена за да размислиме дали ќе поднесеме жалба. Во секој случај, сметаме дека нема основа за сомнение за двојна наплата на манипулативниот трошок - велат во ЕВН.
Иако се оштетени, граѓаните немаат право на парите од казната што ќе ја плати австриската компанија. Но, правниците објаснуваат дека изрекувањето на казната отвора пат за приватни тужби.
- Граѓаните треба прво да побараат од компанијата доброволно да им ги врати натплатените пари. Ако фирмата одбие, граѓаните имаат право да поднесат тужба пред суд. Ако е утврдено дека компанијата наплаќала незаконски, должна е да ги врати парите. Граѓаните може да поднесуваат поединечни или групни тужби, како и да се организираат преку граѓански здруженија. Компанијата ќе се тужи за неосновано збогатување со незаконската наплата на манипулативниот трошок - објаснуваат правниците.
Пред извесно време Комисијата им изрече казни и на „Т-мобиле“ и на ОНЕ за злоупотреба на доминантната позиција на пазарот.