ЕВН ја реконструира мрежата во Ресен

Bez autora
Aug 17 2011

„ЕВН Македонија“ ја заврши втората фаза од проектот за реконструкција на дистрибутивната мрежа во Ресен. Вкупната инвестиција изнесува 100.000 евра, а средства се издвоени и за редовно одржување во кондиција на нисконапонската мрежа, трафостаниците и среднонапонската мрежа во целата општина. Во село Грнчари е изградена нова компактна бетонска трафостаница со моќност од 800 киловолт-ампери и кабелска врска од 0,5 километри. Комплетно е реконструирана постојната и изградена е нова нисконапонска мрежа во должина од еден километар, со што во целост е решено снабдувањето со електрична енергија за корисниците во овој дел од општината Ресен. Со веќе завршената реконструкција на далноводот во Лескоец и на далноводот во Крушија, кој ќе почне на крајот од август, целосно ќе се зголемат сигурноста и квалитетот на снабдувањето, а ќе се намали и бројот на евентуални прекини во снабдувањето со електрична енергија...

ЕВН ја реконструира мрежата во Ресен„ЕВН Македонија“ ја заврши втората фаза од проектот за реконструкција на дистрибутивната мрежа во Ресен. Вкупната инвестиција изнесува 100.000 евра, а средства се издвоени и за редовно одржување во кондиција на нисконапонската мрежа, трафостаниците и среднонапонската мрежа во целата општина.

Во село Грнчари е изградена нова компактна бетонска трафостаница со моќност од 800 киловолт-ампери и кабелска врска од 0,5 километри. Комплетно е реконструирана постојната и изградена е нова нисконапонска мрежа во должина од еден километар, со што во целост е решено снабдувањето со електрична енергија за корисниците во овој дел од општината Ресен.

Со веќе завршената реконструкција на далноводот во Лескоец и на далноводот во Крушија, кој ќе почне на крајот од август, целосно ќе се зголемат сигурноста и квалитетот на снабдувањето, а ќе се намали и бројот на евентуални прекини во снабдувањето со електрична енергија. Со ова се подобрува снабдувањето и се отвораат можности за економски развој на населените места крај Преспанското Езеро во делот од Отешево до Стење и делот кон Јанкоец, Избишта, Златари, Сопотско, Лева Река и Кривени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik