Евтиното брашно го билда увозот - зеленчукот извозот

Bez autora
Jun 02 2016

Житото и брашното, во увозот, и овошјето и зеленчукот во извозот, се најголемите ставки во трговската размена на Македонија во првите три месеци од годинава. Увозот на жито и брашно во овој период од годинава не' чини 3,1 милиони долари повеќе од лани. Од друга страна, пак, од извозот на овошје и зеленчук сме заработиле 13 милиони долари повеќе. Стандардно, Македонија увезува и големи количини месо и преработки, за кои во првиот квартал сме потрошиле 27 милиони долари. Земјата секогаш била зависна од увоз на храна, особено жита, шеќер и храна од животинско потекло.

Евтиното брашно го билда увозот - зеленчукот извозотЖитото и брашното, во увозот, и овошјето и зеленчукот во извозот, се најголемите ставки во трговската размена на Македонија во првите три месеци од годинава.

Увозот на жито и брашно во овој период од годинава не' чини 3,1 милиони долари повеќе од лани. Од друга страна, пак, од извозот на овошје и зеленчук сме заработиле 13 милиони долари повеќе.

Стандардно, Македонија увезува и големи количини месо и преработки, за кои во првиот квартал сме потрошиле 27 милиони долари. Земјата секогаш била зависна од увоз на храна, особено жита, шеќер и храна од животинско потекло.

Домашното производство на свинско месо ги задоволува потребите само за свежо месо, но тоа не е случај и со пилешкото. Речиси и нема наше производство на пиле, а само до пред неколку години домашното производство достигнувало и до 7 милиони пилиња.

Вкупната трговска размена во првите три месеци од годинава бележи зголемување на увозот на прехранбени производи за 4 проценти во споредба со 2015 година, односно пораснала од 133,5 на 138,5 милиони долари. Според статистичките податоци, во првите три месеци пораснал увозот на шеќер и преработки за 2,2 милиони долари, на кафе, чај и зачини за 1,5 милиони и на овошје и зеленчук за над милион долари.

Истиот период е забележан и зголемен извоз на прехранбени производи за 16,9 проценти, што најмногу се должи на извезеното овошје и зеленчук. Годинава од извоз на храна сме заработиле 73,2 милиони долари, за разлика од првиот квартал во 2015 година кога сумата изнесувала 62,6 милиони долари.

Освен овошјето, статистиката покажува дека извозот кај другите групи прехранбени производи е на исто ниво или се намалува. Особено е драстично намалувањето на извозот од 46 проценти кај млекото, млечните производи и јајцата.

Зависноста на Македонија од увозно лебно зрно и брашно најчесто се манифестира токму во првиот квартал од годината, пред пролетната жетва. Особено е загрижувачка состојбата оваа година, кога во овој период пазарот беше преплавен од евтино брашно од соседството. Неодамна производителите на пченица повикаа да запре неконтролираниот увоз за да може да се откупи домашното производство.

„Годинава во Пелагонија се очекуваат приноси од 7 до 8 тони по хектар пченица, за разлика од македонскиот просек од 3 тони за еден хектар. Минималната откупна цена на пченицата не смее да се симне под 11 денари за килограм, а за да може да се откупи мора да престане увозот на евтино брашно“, смета првиот човек на земјоделската Асоцијација, Вељо Тантаров.

Компаниите од мелничката индустрија, пак, во февруари имаа драматичен апел за помош. Мелничарите бараа субвенции за откупена домашна пченица за да можат да опстанат, но и запирање на увозот на евтино брашно.

„Мелничката индустрија е пред колапс и доколку не се преземат итни мерки, нема да издржи до следната жетва“, изјави тогаш Горан Малишиќ, прв човек на Групацијата на мелничари во Стопанската комора на Македонија.

Од друга страна домашните власти, освен субвенциите, немаат голем спектар директни механизми за заштита на домашното производство. Според министерот за земјоделство Михаил Цветков, пазарот мора да остане отворен, поради обврските на Македонија кон земјите на ЕУ и на ЦЕФТА и договорите за слободна трговија.

Но, иако договорите меѓу земјите членки гарантираат отворени пазари, сепак, бројките бележат намалување и на трговската размена на Македонија со земјите од ЦЕФТА.

Според податоците од Стопанската комора на Македонија, за разлика од 2009 година кога учеството на размената со земјите од ЦЕФТА во вкупната трговија на Македонија со светот се движеше до 20,7 отсто, од 2010 година процентот почна да се намалува и во последните две години изнесува околу 11 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik