„Фич“ го потврди рејтингот на Македонија на ББ плус

Bez autora
Feb 22 2016

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ плус на Македонија. Ова е единаесетта година по ред како кредитната агенција ја потврдува оценката ББ плус за земјава. Како база за својата оценка „Фич“ ги зела економскиот раст и одличната бизнис- клима. Кредитната агенција оценила дека среднорочните владини политики, кои вклучуваат активни програми за вработување, капитални инвестиции во инфраструктурата и зголемувањето на социјалните надоместоци ќе придонесат за раст на потрошувачката на домаќинствата, но и за раст на јавните и приватните инвестиции. „Фич“ смета дека растот на македонската економија за 2015 година ќе изнесува 3,2 проценти, додека за 2016 и 2017 година проектира раст од 3,6 отсто.

„Фич“ го потврди рејтингот на Македонија на ББ плусКредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ плус на Македонија. Ова е единаесетта година по ред како кредитната агенција ја потврдува оценката ББ плус за земјава.

Како база за својата оценка „Фич“ ги зела економскиот раст и одличната бизнис- клима. Кредитната агенција оценила дека среднорочните владини политики, кои вклучуваат активни програми за вработување, капитални инвестиции во инфраструктурата и зголемувањето на социјалните надоместоци ќе придонесат за раст на потрошувачката на домаќинствата, но и за раст на јавните и приватните инвестиции.

„Фич“ смета дека растот на македонската економија за 2015 година ќе изнесува 3,2 проценти, додека за 2016 и 2017 година проектира раст од 3,6 отсто.

Бизнис-климата во Македонија е особено поволна, се вели во извештајот на агенцијата, и се истакнува дека земјата се наоѓа на високото 12. место во светот според условите за водење бизнис, според извештајот „Дуинг бизнис 2016“ на Светска банка.

Банкарскиот сектор е оценет како стабилен и добро капитализиран.

Во извештајот на „Фич“ се вели дека македонската економија според повеќе индикатори има подобар перформанс од кредитниот рејтинг на ниво „ББ“, како развојот на човечки ресурси, нивото на државен долг и дефицит, кои се оценети како умерени.

Како ризици во извештајот се истакнуваат актуелната политичка ситуација и пролонгирањето на политичката нестабилност, односно дали и како ќе се реализираат изборите предвидени во април.

„Фич“ има позитивни перспективи за економијата на ЕУ, за која наведува дека ќе продолжи да закрепнува, што и' оди во прилог на македонската економија, чиј најголем трговски партнер се земјите од ЕУ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik