Фирмата блиска до Чавков побарува 4,1 милиони евра од "Фени"

Bez autora
Jan 30 2018

Стечајниот управник утврдил дека вкупниот долг на кавадаречкиот металуршки гигант „Фени“ изнесува 67,5 милиони евра. Побарувања од комбинатот имаат 251 правно лице, со кои соработувала фабриката, и 764 вработени. Вработените пријавиле побарувања за плати, прекувремена работа, награди и К 15 во висина од речиси 650 илјади евра, од кои стечајниот управник прифатил 572 илјади евра, а другите ги оспорил. Најголемо побарување од фабриката пријавиле од „Кунико маркетинг“. Извори од фабриката изјавија дека оваа компанија, која е дел од „Кунико рисорсис“, досегашниот сопственик на фабриката, преку која одела целата продажба, од „Фени“ побарала над три милијарди денари или 52,3 милиона евра.

Фирмата блиска до Чавков побарува 4,1 милиони евра од "Фени"Стечајниот управник утврдил дека вкупниот долг на кавадаречкиот металуршки гигант „Фени“ изнесува 67,5 милиони евра. Побарувања од комбинатот имаат 251 правно лице, со кои соработувала фабриката, и 764 вработени.

Вработените пријавиле побарувања за плати, прекувремена работа, награди и К 15 во висина од речиси 650 илјади евра, од кои стечајниот управник прифатил 572 илјади евра, а другите ги оспорил.

Најголемо побарување од фабриката пријавиле од „Кунико маркетинг“. Извори од фабриката за „Макфакс“ изјавија дека оваа компанија, која е дел од „Кунико рисорсис“, досегашниот сопственик на фабриката, преку која одела целата продажба, од „Фени“ побарала над три милијарди денари или 52,3 милиона евра. Ова побарување стечајниот управник го оспорил оти утврдил дека се работи за веќе отпишан долг на компанија во 2016 година.

Поради овој долг, според нашите извори, оспорена е и половина од сумата што ја побарала Управата за јавни приходи оти долгот бил отпишан во 2016 година, а компанијата сакала да го прикаже во завршната сметка од 2015 година.

Повеќе фактури отколку што има во сметководството на фабриката пријавила и фирмата „Нова логистик“, задолжена за организирање на транспортот на „Фени“. Стечајниот управник ги оспорил побарувањата поради неусогласеното сметководство.

Неусогласена сметководствена евиденција стечајниот управник утврдил и кај побарувањето на „Пуцко петрол“, кој пријавил побарување од 1,1 милион евра, кое е оспорено.

Побарувања пријавиле и транспортерите. Фирмата „Ролис“, која се поврзува со семејството на ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков, пријавила побарување од 4,1 милиони евра, што стечајниот управник го прифатил. Оваа фирма вршела транспорт за „Фени“, а подоцна вршела и набавка на руда. Побарувањата на „Ролис“ се прифатени.

Бугарската компанија „Енекод“, заинтересирана да го купи комбинатот, пријавила побарувања од речиси 1,5 милион евра. Дел од нив е оспорен оти биле пријавени трошоци на постапката, велат нашите извори.

Побарување пријавила и компанијата „Енери деливери солушнс“, која беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, која комбинатот го снабдувала со струја. Стечајниот управник го одобрил побарувањето кое изнесува 3,6 милиони евра.

За утврдените и оспорените побарувања од 25 јануари тече рок од 8 дена во кој доверителите може да поднесат приговори. Следното рочиште за стечајната постапка за „Фени“ е на 7 февруари кога ќе се разгледува финансиско-материјалната состојба на комбинатот.

Во исто време тече и рокот по огласот за понуди од компании подготвени да обезбедат руда, да ја рестартираат фабриката и да исплаќаат плати на вработените. И на овој оглас, како и на претходниот повик за потпишување меморандум за соработка, се јавила само швајцарската компанија „Фос асет менаџмент“.

Тие минатата година депонираа три милиони евра на сметката на комбинатот како доказ за сериозноста во намерите за рестартирање на фабриката.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik