Фирмите добиле 236,4 милиони евра поврат на ДДВ во првите седум месеци

Bez autora
Aug 05 2019

Преку 14,5 милијарди денари или 236,4 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, соопшти Министерството за финансии. Согласно податоците на министерството, повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јули е поголем за околу 14,5% во однос на лани. Заменик министерката за финансии, Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите. Тоа, според него, е значајно за непречено оперативно работење на фирмите, но и за нивната инвестициска активност.

Фирмите добиле 236,4 милиони евра поврат на ДДВ во првите седум месециПреку 14,5 милијарди денари или 236,4 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, соопшти Министерството за финансии. Согласно податоците на министерството, повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јули е поголем за околу 14,5% во однос на лани.

Заменик министерката за финансии, Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите. Тоа, според него, е значајно за непречено оперативно работење на фирмите, но и за нивната инвестициска активност.

„Во споредба со претходната година, извршен е поврат на ДДВ кон фирмите за 30 милиони евра повеќе во однос на лани. Тоа е уште еден аргумент дека имаме зголемена наплата на даночните приходи, дека ликвидноста е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски“ рече заменик министерката за финансии Ширет Елези.

Позитивните тенденции во стопанството се огледаат и преку добрата наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ кој на бруто основа е повисок за 5,6% во однос на лани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik