Фирмите ќе добиваат по 4.000 евра за вработување млади до 29 години

Bez autora
Mar 07 2018

Министрите на денешната седница донесоа одлука за формирање Управен одбор на проектот „Самовработување со кредитирање“ и проектот „Кредитирање правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање нови работни места“. Станува збор за проект што се реализира преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на правните субјекти што сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, како и на невработените лица што сакаат да го решат своето вработување.

Фирмите ќе добиваат по 4.000 евра за вработување млади до 29 годиниМинистрите на денешната седница донесоа одлука за формирање Управен одбор на проектот „Самовработување со кредитирање“ и проектот „Кредитирање правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање нови работни места“.

Станува збор за проект што се реализира преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на правните субјекти што сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, како и на невработените лица што сакаат да го решат своето вработување.

Во рамките на проектот за кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места постои можност за правните субјекти што ќе вработат млади лица до 29 години да се одобруваат по 4.000 евра за едно новоотворено работно место, со максимален износ до 12.000 евра за вработување 3 невработени млади лица до 29 години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik