Регистрација на фирма во Централниот регистар, по уредно поднесена документација, сега се врши само за два часа. Според Андреа Поповски, в.д. директор на Централен регистар, ЦР, со реформите значително се поедностави постапката и се скрати времето за регистрација на фирма. Тој истакна дека со реализацијата на проектот „Едношалтерски систем“ , втора фаза, ЦР го воспостави системот за е-регистрација. Така целокупниот процес за регистрација од март досега оди електронски преку тој систем. Ако на времето беа потребни неколку дена, па и месеци за регистрација на фирма, во моментов времето потребно за регистрација на фирма по уредно поднесена документација е само неколку часа. Паралелно на ова следуваа и неколку други законски измени, како исфрлување на печатот од задолжителна употреба во правниот промет и воведувањето на категоријата регистрациски агенти, вели тој.
Регистрација на фирма во Централниот регистар, по уредно поднесена документација, сега се врши само за два часа. Според Андреа Поповски, в.д. директор на Централен регистар, ЦР, со реформите значително се поедностави постапката и се скрати времето за регистрација на фирма. Тој истакна дека со реализацијата на проектот „Едношалтерски систем“ , втора фаза, ЦР го воспостави системот за е-регистрација. Така целокупниот процес за регистрација од март досега оди електронски преку тој систем.
„Ако на времето беа потребни неколку дена, па и месеци за регистрација на фирма, во моментов времето потребно за регистрација на фирма по уредно поднесена документација е само неколку часа. Паралелно на ова следуваа и неколку други законски измени, како исфрлување на печатот од задолжителна употреба во правниот промет и воведувањето на категоријата регистрациски агенти“, вели тој.
Со измените на Законот за едношалтерски систем се воспостави нова категорија на подносител – „регистрациски агент“, со законски дадено овластување за поднесување пријави преку системот за е-регистрација, при што фирма може да се регистрира без минимален почетен капитал, а значително се скратени и времето и процедурите за отворање бизнис.