Фирмите со повисоки добивки, се чекаат и добри дивиденди

Bez autora
Mar 05 2017

Некои пониски, некои повисоки, но компаниите што досега ги објавија своите финансиски извештаи на Берзата, генерално покажаа раст на добивките, и покрај политичката криза која се провлекуваше во текот на минатата година. Сепак, добивките на фирмите се генерално пониски од оние на банките, кои лани забележаа одличен раст на профитите. Скопската рафинерија ОКТА објави значаен раст на профитот. Конкретно, Билансот на успех на ОКТА говори дека добивката по оданочување во минатата година изнесувала 5,4 милиони евра, што е за дури 308 отсто повеќе во однос на профитот остварен во претходната, 2015 година.

ФИРМИТЕ СО ПОВИСОКИ ДОБИВКИ, СЕ ЧЕКААТ И ДОБРИ ДИВИДЕНДИНекои пониски, некои повисоки, но компаниите што досега ги објавија своите финансиски извештаи на Берзата, генерално покажаа раст на добивките, и покрај политичката криза која се провлекуваше во текот на минатата година. Сепак, добивките на фирмите се генерално пониски од оние на банките, кои лани забележаа одличен раст на профитите.

Скопската рафинерија ОКТА објави значаен раст на профитот. Конкретно, Билансот на успех на ОКТА говори дека добивката по оданочување во минатата година изнесувала 5,4 милиони евра, што е за дури 308 отсто повеќе во однос на профитот остварен во претходната, 2015 година. 

„ОКТА ја заврши 2016 година со значително висока профитабилност како резултат на зголемувањето на пазарниот удел на домашниот и на странскиот пазар, заедно со оперативните подобрувања во работењето. Исто така, компанијата како значаен двигател на економијата, овозможи непрекинато снабдување со горива за сите сектори, како и поддршка на развојот за оние што се директно поврзани со нафтениот сектор“, велат во образложението од скопската рафинерија.

Како што објаснуваат оттаму, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација ЕБИТДА во четвртиот квартал од 2016 го достигнала својот врв, и изнесува 198 милиони денари, во споредба со 26 милиони денари за истиот период од претходната година. „Како резултат на тоа, ЕБИТДА за годината која заврши на 31 декември 2016 година изнесува 697 милиони денари, а профитот пред оданочување достигна 374 милиони денари, споредено со 444 милиони денари ЕБИТДА и 96 милиони денари профит пред оданочување за 2015 година“, велат од рафинеријата. 

Приходите од продажба се пониски споредено со 2015 година, како резултат на пониските цени на нафтените деривати на светските пазари.

Истовремено, оперативната и организациската структура на ОКТА, овозможиле намалување на потребите од работен капитал за 939 милиони денари, што придонело за зголемување на ликвидноста и релативно лесно финансирање на капиталните инвестиции во износ од 202 милиони денари, како и исплатата на дивиденда во текот на 2016 година.

Неодамна и фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ објави пораст на добивката на компанијата, како и зголемување на нејзините продажби. Компанијата соопшти дека според единечниот биланс на успех, во периодот јануари - декември продажбите достигнуваат 6.418.580.770 денари, што е за 7 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.208.748.918 денари, бележи зголемување од околу 13 отсто, додека единечната нето-добивка изнесува 704.269.882 денари и е зголемена за 9 отсто.

„Во периодот јануари - декември вкупните консолидирани продажби достигнуваат 8.292.770.038 денари, што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 3 отсто, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 8 отсто. Од вкупните консолидирани продажби, 40 отсто се остварени на домашен пазар, додека 60 отсто се остварени на странски пазари“, информираа од компанијата. 
Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација, и тоа 83 отсто. 

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.296.423.420 денари бележи раст од 12 отсто, додека нето консолидираната добивка во износ од 731.818.674 денари е зголемена за 10 отсто. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - декември 2016 година изнесуваат 712.282.757 денари.

Во периодот јануари - декември 2016 година во „Алкалоид“ се реализирани 157 нови вработувања во Македонија. 

Деновиве и „Макошпед“ ги објави своите финансиски резултати. Оваа компанија лани остварила добивка од нешто над 185 илјади евра, што во однос на 77 илјади во 2015 година, е раст за 140 отсто. „’Макошпед‘ во минатата година оствари позитивен финансиски резултат, искажан во неревидираниот биланс на успех“, велат од компанијата, и додаваат дека компанијата нема исплатено дивиденда во 2016 година. Обврските по кредитно задолжување се намалени во однос на 2015 година за 76,92 отсто. 

„Остварените вкупни приходи во периодот јануари - декември 2016 во споредба со резултатите од истиот период во 2015 имаат незначителен пад од 1,66 отсто. Во структурата на приходите најголемо учество од 67,71 отсто имаат приходите остварени од продажба на услуги за складирање, транспорт и шпедиција и приходи од наемнини од сопствен имот, со учество од 15,43 отсто. Вкупните расходи во периодот јануари - декември 2016 година се помали за 8,94 отсто во однос на истиот период во 2015 година“, се вели во образложението.

Дел од медиумите пишуваа дека после објавувањето на неревидираните финансиски извештаи на компаниите кои котираат на Македонската берза, ова е периодот од годината кој инвеститорите со нетрпение го очекуваат, бидејќи сега се предлагаат одлуки која компанија колкава дивиденда би поделила. Се очекува дека годинава ќе биде регистриран пораст на сумата на збирно исплатена дивиденда.

Инаку, Комерцијална банка веќе предложи на Собрание на акционери да се усвои одлука за исплата на нето-дивиденда од 135 денари. ТТК банка, пак, предлага нето-дивиденда од 74 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik