Фирмите веќе имаат најави за откажување на договори

Bez autora
Apr 27 2016

Најави за откажување на договорени посети од странски партнери од кои требало да произлезат и конкретни зделки, но и примери дека како земја сме окарактеризирани како ризично подрачје, покажала анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Македонија меѓу своите членки. Главен проблем со кој се соочуваат домашните фирми е ликвидноста, како и отежната наплата на побарувањата. Сите овие проблеми постоеја и порано, но сега се поизразени, велат од најголемата асоцијација на стопанствениците кај нас, која вчера одбележа 94 години од постоењето. Доколку дојде до одземање на препораката од ЕУ за претпристапни преговори во јуни годинава, најголема опасност со која би можеле да се соочат домашните фирми е губењето на постојните и потенцијалните странски партнери со кои соработуваат или планираат да соработуваат,

Фирмите веќе имаат најави за откажување на договориНајави за откажување на договорени посети од странски партнери од кои требало да произлезат и конкретни зделки, но и примери дека како земја сме окарактеризирани како ризично подрачје, покажала анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Македонија меѓу своите членки.

Главен проблем со кој се соочуваат домашните фирми е ликвидноста, како и отежната наплата на побарувањата. Сите овие проблеми постоеја и порано, но сега се поизразени, велат од најголемата асоцијација на стопанствениците кај нас, која вчера одбележа 94 години од постоењето.

Доколку дојде до одземање на препораката од ЕУ за претпристапни преговори во јуни годинава, најголема опасност со која би можеле да се соочат домашните фирми е губењето на постојните и потенцијалните странски партнери со кои соработуваат или планираат да соработуваат, оценија од Стопанската комора на Македонија.

„Веќе имаме примери од компании на кои во контакти со странски партнери им е наведено дека како земја сме окарактеризирани како ризично подрачје и затоа кај странските партнери, независно дали се од ЕУ или од нашето поблиско опкружување, се јавува резервираност во соработката поради постоење ризик од ненавремена испорака на производи и услуги или неможност за реализирање на планираниот извоз поради ненавремено снабдување со потребните суровини кои се увезуваат“, се вели во информацијата на Стопанската комора, при што се потенцира дека тоа во голема мера ќе влијае врз надворешнотрговска размена, имајќи предвид дека земјите од ЕУ се наши најголеми надворешнотрговски партнери.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ги окуражи членките дека како и до сега, така и овој пат оваа асоцијација има сили да се справи со проблемите со кои се соочуваат нејзините членки.

„Знаеме да работиме и во кризни состојби. Со капацитетите кои ги имаме ќе ги надминеме сите проблеми“, рече Азески, додавајќи дека е потребна акција, барање нови пазари и од „петни жили“ да ја развиваме индустријата.

Тој, исто така, нагласи едека во бизнисот нема место за поделби и дека компаниите имаат заеднички интерес - да остваруваат профит.

Компаниите членки на Стопанската комора учествуваат со 95 отсто во создавањето на домашниот бруто-производ, а 94 отсто од нив се вклучени во размената со странство.

Лани, според податоците од комората, во ЕУ бил реализиран извоз од 3,4 милијарди долари (3,1 милијарда евра), а увозот бил 3,9 милијарди долари (3,6 милијарди евра).

Истражувањето што било спроведено од 19 до 22 април годинава, при што се добиени одговори од 1.000 компании од различни области, покажало дека постојните проблеми со кои се соочуваат фирмите со политичката криза уште повеќе се усложниле.

„Одговорите покажаа дека има проблеми во деловното опкружување, но поголемиот дел од нив не се предизвикани од актуелните состојби, кои, секако, имаат значително влијание. Повеќето проблеми се провлекуваат подолг период, само што сега повеќе е нагласена нивната тежина“, истакна Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности.

Речиси половина од анкетираните, односно 47 отсто од компаниите одговориле дека веќе има најави за откажување на планирани и договорени посети од странски партнери кои требало да резултираат со склучување конкретни договори. Кај дел од фирмите има и конкретни најави за откажување на склучени договори за соработка.

Пеева-Ѓуриќ појасни дека во образложенијата на одговорите, компаниите предупредиле дека доколку навистина се реализираат откажувањата со долгогодишните партнери, тоа може значително да влијае на нивниот процес на производство, на бројот на вработени и на ликвидноста.

Според одговорите, ликвидноста на фирмите засега е најголем проблем за 45 отсто од анкетираните. Од друга страна, 85 отсто од анкетираните одговориле дека за сега немаат проблем со реализирањето на извозните и увозните активности при набавка на суровини и репроматеријали.

Стариот проблем - наплатата на побарувањата сега е дополнително отежнат, покажала анкетата. Тоа се однесува пред се' на наплатата од домашните фирми, но и од јавниот сектор и од странски партнери.

Според Пеева-Ѓуриќ, има и компании во кои поради слабата наплата и најавите за откажување на нарачките е намален бројот на потребниот кадар, што влијае врз планирањето на нивниот развој.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik