Формиран Клуб на менаџери-претприемачи при СКМ

Bez autora
Dec 24 2015

Клуб на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија (СКП) кој треба да им помогне на бизнисите за нивен постојан раст, креиран е во средата во Скопје. Причините за формирање на ваквиот клубот е да се следат трендовите во европските земји, но и да се задоволат потребите и барањата на домашните компании од друга страна. Со Клубот се креира нова алатка која ќе ги поврзе сите бенефити на едно место и ќе понуди и нови услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите и слично.

Формиран Клуб на менаџери-претприемачи при СКМКлуб на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија (СКП) кој треба да им помогне на бизнисите за нивен постојан раст, креиран е во средата во Скопје.

Причините за формирање на ваквиот клубот е да се следат трендовите во европските земји, но и да се задоволат потребите и барањата на домашните компании од друга страна.

Со Клубот се креира нова алатка која ќе ги поврзе сите бенефити на едно место и ќе понуди и нови услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери од Европа, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство и експерти од компаниите, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување и слично.

 Клубот на менаџери-претприемачи претставува ексклузивна можност за интегрирање во мрежа на мали и средни компании кои заедно растат, постојано се едуцираат и постигнуваат успех преку искористување на сите поволности од програмата на Клубот и институциите кои се вклучени во истио, се вели во соопштението на СКМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik