Формиран нов Економско-социјален совет

Bez autora
Aug 25 2010

Нов Економско-социјален совет кој значително треба да го поттикне дијалогот помеѓу владата, работодавачите и синдикатите, но и да влијае во подобрувањето на економската состојба, формиран е денеска во Скопје. Договорот за потпишување на Советот, кој ќе има советодавна улога при креирањето на економските и социјалните политики, го потпишаа вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, в.д. претседателот на ССМ Живко Митревски, претседателот на КСС Раско Мишковски и Димитар Стојановски од Организацијата на работодавачи. Притоа Пешевски оцени дека е направен исчекор во насока на подобрување на социјалниот дијалог помеѓу владата и репрезентативните синдикати. Економско-социјалниот совет ќе има советодавна консултативна улога за Владата при креирањето на економските, посебно социјалните политики. Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Митревски оцени дека формирањето на Советот е историски чин во делот на институционалното практицирање на социјалниот дијалог.

Формиран нов Економско-социјален советНов Економско-социјален совет кој значително треба да го поттикне дијалогот помеѓу владата, работодавачите и синдикатите, но и да влијае во подобрувањето на економската состојба, формиран е денеска во Скопје.

Договорот за потпишување на  Советот, кој ќе има советодавна улога при креирањето на економските и социјалните политики, го потпишаа вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, в.д. претседателот на ССМ Живко Митревски, претседателот на КСС Раско Мишковски и Димитар Стојановски од Организацијата на работодавачи.

Притоа Пешевски оцени дека е направен исчекор во насока на подобрување на социјалниот дијалог помеѓу владата и репрезентативните синдикати.

„Економско-социјалниот совет ќе има советодавна консултативна улога за Владата при креирањето на економските, посебно социјалните политики“, рече Пешевски.

Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Митревски оцени дека формирањето на Советот е историски чин во делот на институционалното практицирање на социјалниот дијалог.

„Се надевам дека во иднина ќе биде обезбеден нормален социјален дијалог проследен со социјален консензус како неопходна потреба за развој на општеството и излегување од економската криза“, изјави Митревски.

Тој изрази уверување дека ССМ преку Советот ќе успее да го поттикне решавањето на повеќе нивни предлози, како што е формирањето на синдикална кошничка, законски утврдување на најниска плата и низа други прашања.

Митревски е оптимист дека новиот совет ќе функционира нормално, за разлика од претходниот Економско-социјален совет, кој што постоеше само формално.

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати - КСС Мишковски изрази уверување дека нивните претставници во новиот совет ќе дадат голем придонес во делот на развивање на современ социјален дијалог во државата.

Одржувањето на првата седница на новиот Совет е најавено за идната недела, а дневниот ред ќе биде дополнително утврден.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik