Денеска министерот задолжен за регулативата за подобрување инвестициска клима за домашни компании оствари работна средба со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. Амбасадорот Тимоние изрази задоволство од напорите на Владата за интензивирање на напорите за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО. Беше констатирано дека политичката клима во државата е многу подобрена, што ќе придонесе за подобрување на бизнис-климата. Амбасадарот покажа посебен интерес за мерките на Владата за поттикнување инвестиции за домашните и странските компании. Исто така, изрази особено задоволство од активностите за ратификација на Парискиот договор за климатки промени, како и за определбата на Министерство за животна средина и просторно планирање, да го поддржат градот Скопје во изградба на пречистителна станица.
Денеска министерот задолжен за регулативата за подобрување инвестициска клима за домашни компании оствари работна средба со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.
Амбасадорот Тимоние изрази задоволство од напорите на Владата за интензивирање на напорите за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО. Беше констатирано дека политичката клима во државата е многу подобрена, што ќе придонесе за подобрување на бизнис-климата.
Амбасадарот покажа посебен интерес за мерките на Владата за поттикнување инвестиции за домашните и странските компании. Исто така, изрази особено задоволство од активностите за ратификација на Парискиот договор за климатки промени, како и за определбата на Министерство за животна средина и просторно планирање, да го поддржат градот Скопје во изградба на пречистителна станица. Министерот Шапуриќ, пак, изрази благодарност до Франција за изработката на техничката документација за оваа пречистителна станица.
На средбата беше констатирано дека покрај добрата соработка помеѓу двете држави во сферите на културата и политиката, сепак, економската соработка е на незадоволително ниво. Притоа амбасадорот се заложил за поврзување на македонските со француските компани преку организирање бизнис-форуми и преку посета на француските фирми на Македонија.