G-Energy Service го зголемува своето присуство на Балканот

Bez autora
Oct 29 2018

Газпромнефт-маслата го засилуваат своето присуство на Балканот, а како дел од меѓународната програма за развој на партнерски сервисни станици, во Кавадарци отворени се првите G-Energy сервисни станици за патнички автомобили и лесни комерцијални возила, како и првите G-Profi сервисни станици за камиони. Новите станици започнаа со работа во Кавадарци, на адреса „Западен булевар“ бб 129, на автопатот што ги поврзува Северна Грција и Западна Европа. Сервисните станици се опремени со сета неопходна машинерија за брза промена на нафта и технички течности во различни типови возила. Високо квалификуван персонал ќе ги избере најсоодветните G-Energy и Gazpromneft- брендирани масла за секое возило, како за нови, така и за постари возила со повеќе изминати километри.

G-Energy Service го зголемува своето присуство на БалканотГазпромнефт-маслата го засилуваат своето присуство на Балканот, а како дел од меѓународната програма за развој на партнерски сервисни станици, во Кавадарци отворени се првите G-Energy сервисни станици за патнички автомобили и лесни комерцијални возила, како и првите G-Profi сервисни станици за камиони.

Новите станици започнаа со работа во Кавадарци, на адреса „Западен булевар“ бб 129, на автопатот што ги поврзува Северна Грција и Западна Европа.

Сервисните станици се опремени со сета неопходна машинерија за брза промена на нафта и технички течности во различни типови возила. Високо квалификуван персонал ќе ги избере најсоодветните G-Energy и Gazpromneft- брендирани масла за секое возило, како за нови, така и за постари возила со повеќе изминати километри.

„Македонија е нов регион за G-Energy Service. Сигурни сме дека граѓаните на оваа земја високо ќе ги ценат и квалитетот на нашите производи и нивото на услугата. Балканот го сметаме за ветувачки регион каде можеме да го развиеме нашиот бизнис. Ние тука континуирано го зголемуваме нашето присуство, што е потврдено и преку работењето на две сервисни станици G-Energy во Бугарија и три во Грција. До крајот на 2018 планираме да го зголемиме бројот на станици до 62 во 15 различни земји“, изјави Александар Климашин, заменик-генерален директор за продажба при Газпромнефт-масла.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik