Без црвени панделки и сечење ленти денеска во Струмица стартуваше мега проектот „Гасификација“ на општината. Почна да се гради гасоводната мрежа во должина од 13 километри и во октомври низ неа треба да протечат првите количества природен гас. Ова за Струмица треба да значи зголемување на конкурентноста на стопанството, а за сите заштеда од 20 милиони евра годишно, а пак за владата во заминување како што рече Заев, уште една лекција од Струмица како треба да се работи. Ви баравме лист хартија, согласност за кредит за Струмица кој сами требаше да го враќаме за уште од лани да отпочнеме со изградбата на овој проект и тоа не ни го дадовте. Денес сами го градиме овој голем проект, а вие немате никакво учество во него. Бевте црвени па портокалови но се повеќе позеленувате од завист кога се работи за Зоран Заев и за Струмица.
Без црвени панделки и сечење ленти денеска во Струмица стартуваше мега проектот „Гасификација“ на општината.
Почна да се гради гасоводната мрежа во должина од 13 километри и во октомври низ неа треба да протечат првите количества природен гас.
Ова за Струмица треба да значи зголемување на конкурентноста на стопанството, а за сите заштеда од 20 милиони евра годишно, а пак за владата во заминување како што рече Заев, уште една лекција од Струмица како треба да се работи.
„Ви баравме лист хартија, согласност за кредит за Струмица кој сами требаше да го враќаме за уште од лани да отпочнеме со изградбата на овој проект и тоа не ни го дадовте.
- Денес сами го градиме овој голем проект, а вие немате никакво учество во него. Бевте црвени па портокалови но се повеќе позеленувате од завист кога се работи за Зоран Заев и за Струмица“ рече Зоран Заев, градоначалник на Струмица.
Оваа фаза од гасификацијата чини околу 1 милион евра, а вкупната инвестиција тежи околу 4 милиони евра, сите ги обезбедува општината. Гасот во Струмица ќе се носи со специјални цистерни од Петрич, Бугарија, а тука ќе се декомпресира преку матичните станици.