Албанскиот министер за енергетика и индустрија, Дамијан Ѓикнури и германската амбасадорка во Албанија, Сузане Шулц, вчера во Тирана потпишаа договор за финансирање на 400-киловолтниот далновод Албанија-Македонија. Сега се обезбедени сите потребни финансиски средства за изградба на овој далновод. Првиот дел е германски кредит во износ од 50 милиони евра, додека 14 милиони евра се грант од ЕУ, изјави Ѓикнури по потпишувањето на договорот. Проектот, според Ѓикнури, опфаќа интерконективно поврзување со Македонија и изградба на две станици, во Фиер и Елбасан.
Албанскиот министер за енергетика и индустрија, Дамијан Ѓикнури и германската амбасадорка во Албанија, Сузане Шулц, вчера во Тирана потпишаа договор за финансирање на 400-киловолтниот далновод Албанија-Македонија.
„Сега се обезбедени сите потребни финансиски средства за изградба на овој далновод. Првиот дел е германски кредит во износ од 50 милиони евра, додека 14 милиони евра се грант од ЕУ“, изјави Ѓикнури по потпишувањето на договорот.
Проектот, според Ѓикнури, опфаќа интерконективно поврзување со Македонија и изградба на две станици, во Фиер и Елбасан.
Амбасадорката Шулц изјави дека со овие финансиски средства ќе се гради првиот сегмент, за што се одобрени 30 милиони евра, додека другите 20 милиони евра ќе бидат трансферирани по летните одмори.
Интерконективната линија Елбасан - Битола ќе биде прво енергетско поврзување меѓу Албанија и Македонија. Изградбата е предвидено да почне во првата половина од 2017 и да заврши во 2020 година.