Германската компанија „Герешајмер“ ќе гради фабрика за медицинска опрема во Бунарџик

Bez autora
Mar 08 2019

Реномираната германска компанија „Герешајмер“, светски позната компанија и лидер во производството на амбалажа за потребите на медицинската и фармацевтската индустрија, потврди дека ќе реализира значителна инвестиција во нова фабрика во Бунарџик, во која ќе се отворат 400 нови работни места за високоедуциран кадар, најави заменик-претседателот на Владата. Претседателот на Владата, Зоран Заев, на прес-конференцијата, на која беше објавена новата странска инвестиција, нагласи дека економијата во земјата силно чекори напред, а доказ за тоа е рекордното ниво странски директни инвестиции во 2018 година од над 624 милиони евра, што е 267 отсто повеќе од просекот во изминатите 8 години.

Германската компанија „Герешајмер“ ќе гради фабрика за медицинска опрема во БунарџикРеномираната германска компанија „Герешајмер“, светски позната компанија и лидер во производството на амбалажа за потребите на медицинската и фармацевтската индустрија, потврди дека ќе реализира значителна инвестиција во нова фабрика во Бунарџик, во која ќе се отворат 400 нови работни места за високоедуциран кадар, најави заменик-претседателот на Владата.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, на прес-конференцијата, на која беше објавена новата странска инвестиција, нагласи дека економијата во земјата силно чекори напред, а доказ за тоа е рекордното ниво странски директни инвестиции во 2018 година од над 624 милиони евра, што е 267 отсто повеќе од просекот во изминатите 8 години.

„Овој износ е повисок од вкупните инвестиции во 2012, 2013 и во 2014 година заедно и е речиси четирикратно повисок од 2017 година. Денес, имам чест да објавам нова, би можело да се каже, една од највредните странски инвестиции што доаѓа од пријателската Сојузна Република Германија. Бордот на директори на компанијата ‘Герешајмер’, светски бренд во производството на амбалажа во медицинската и фармацевтската индустрија, потврди дека ќе реализира нова инвестиција во Република Северна Македонија“, порача Заев.

Компанијата е светски лидер во производството на медицинска амбалажа, нивните производи секој од нас ги сретнал во секојдневниот живот: апликатори за инсулин, инхалатори, апарати за мерење шеќер, многу други пластични и стаклени производи и апарати за фармацевтската и медицинската индустрија, со вкупен обем на производство од 1,3 милијарда евра, во 50 фабрики во 15 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка и речиси 10.000 вработени на својот платен список.

„Станува збор за навистина високотехнолошки развиена, софистицирана компанија, каде што има место за високоедуциран кадар од сите технички струки. Фабриката ќе отвори нови 400 работни места, од кои добар дел за инженери од техничките струки, високоплатени квалитетни работни места“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Извршниот директор на „Герешајмер“, Дитмар Симсен, во видеообраќање до јавноста потенцира дека компанијата како своја идна инвестициска дестинација ја избрала нашата земја поради добрата инфраструктура, вештите и добро обучени работници, но и поради силната поддршката и коректниот однос на Владата.

„Со градежните активности ќе почнеме мошне бргу бидејќи почетокот на производството е планиран за крајот на 2020 година. Планираме значајни инвестиции во фабриката, средна двоцифрена милионска бројка во евра. Тој износ е планиран и за врвните технологии за чисти соби, како и за машини. На среден рок планираме да вработиме приближно 400 лица во фабриката. Но, навистина сакаме да имаме можност за натамошен раст, според потребите, во иднина. Од производна перспектива планираме производи, системи и уреди за фармацевтската, како и за медицинско-технолошката индустрија и претходно наполнети шприцови за фабриката“, истакна Симсен.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik