Германската компанија „Кеслер“ в година ќе почне со работа во Македонија

Bez autora
Dec 21 2017

Договор за реализација на инвестиција на германската компанија „Кеслер“ во ТИРЗ Скопје 1 беше потпишан денеска во просториите на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Како што информираат оттаму, во согласност со договорот компанијата добива на користење градежно земјиште со површина од 1,3 хектар, а според најавите од компанијата, предвидена е изградба на објекти во две фази, во кои ќе се врши производство на електромотори. Во рамките на инвестицијата предвидено е и воспоставување центар за заеднички и инжинерски услуги и развој на нови производи на компанијата „Кеслер“ во Македонија.

Германската компанија „Кеслер“ в година ќе почне со работа во МакедонијаДоговор за реализација на инвестиција на германската компанија „Кеслер“ во ТИРЗ Скопје 1 беше потпишан денеска во просториите на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Како што информираат оттаму, во согласност со договорот компанијата добива на користење градежно земјиште со површина од 1,3 хектар, а според најавите од компанијата, предвидена е изградба на објекти во две фази, во кои ќе се врши производство на електромотори.

Во рамките на инвестицијата предвидено е и воспоставување центар за заеднички и инжинерски услуги и развој на нови производи на компанијата „Кеслер“ во Македонија.

Компанијата „Кеслер“ најави дека планира да започне со работа кон крајот на 2018 година, а производството ќе биде наменето за германскиот пазар. Се планираат најмалку 80 работни места во наредните три години, машински и електроинженери, како и друг висококвалификуван кадар.

Од „Кеслер“ информираат дека веќе имаат стапено во контакт со високообразовни институции во нашата земја и планираат соработка со техничките средни училишта. Компанијата планира соработка и со домашни доставувачи за набавка на суровините потребни за нејзиното производство.

Како производител на алатки и системи за машинска обработка и брусење, електромотори, делови за CNC-машини и индустриска електроника компанијата „Кеслер“ има над 90-годишна традиција. Ова е нејзина прва инвестиција во производствени погони надвор од матичната земја и ќе биде прва фабрика од ваков тип во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik