Германски инвеститор заинтересиран за Пелагонија

Bez autora
Feb 08 2018

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска беше домаќин на средбата на градоначалниците од Пелагонискиот Плански Регион, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен со потенцијален германски инвеститор. Германскиот инвеститор „Аетна“ покажа интерес за вложување во земјоделството, поточно за откуп на земјоделски производи и нивна преработка. Обврска на општините од овој плански регион е да презентираат детаљно слика за количествата квалитетно овошје и зеленчук што може да биде произведено на овој простор. А според најавите, во бизнис-планот на инвеститорот е во Прилеп да отвори преработувачки капацитет, да врши откуп на овие земјоделски производи, кои потоа би биле пласирани на рускиот пазар.

Германски инвеститор заинтересиран за ПелагонијаГрадоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска беше домаќин на средбата на градоначалниците од Пелагонискиот Плански Регион (Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен) со потенцијален германски инвеститор.

Германскиот инвеститор „Аетна“ покажа интерес за вложување во земјоделството, поточно за откуп на земјоделски производи и нивна преработка. Обврска на општините од овој плански регион е да презентираат детаљно слика за количествата квалитетно овошје и зеленчук што може да биде произведено на овој простор.

А според најавите, во бизнис-планот на инвеститорот е во Прилеп да отвори преработувачки капацитет, да врши откуп на овие земјоделски производи, кои потоа би биле пласирани на рускиот пазар, информираат од Општина Прилеп.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik