Голем пад на извозот

Bez autora
Jun 07 2015

Македонскиот извоз драматично паѓа. Во април годинава во однос на истиот месец лани вредноста на нашите извезени стоки во странство е намалена за дури 24 отсто, покажуваат најновите бројки што вчера ги објави Државниот завод за статистика. Ако се набљудуваат првите четири месеци од годинава, минусот кај извозот е за 11,4 отсто споредено со истиот период лани. Она што уште повеќе загрижува, е фактот што додека вкупниот извоз паѓа, извозот од слободните економски зони бележи одлични резултати. Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, неодамна при отворањето на зоната во Делчево, соопшти дека во првите пет месеци од годинава, односно од јануари, заклучно со 30 мај, извозот од зоните достигнал износ од 553 милиони евра, или има раст од 25 проценти во однос на истиот период лани.

Голем пад на извозотМакедонскиот извоз драматично паѓа. Во април годинава во однос на истиот месец лани вредноста на нашите извезени стоки во странство е намалена за дури 24 отсто, покажуваат најновите бројки што вчера ги објави Државниот завод за статистика. Ако се набљудуваат првите четири месеци од годинава, минусот кај извозот е за 11,4 отсто споредено со истиот период лани.

Она што уште повеќе загрижува, е фактот што додека вкупниот извоз паѓа, извозот од слободните економски зони бележи одлични резултати. Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, неодамна при отворањето на зоната во Делчево, соопшти дека во првите пет месеци од годинава, односно од јануари, заклучно со 30 мај, извозот од зоните достигнал износ од 553 милиони евра, или има раст од 25 проценти во однос на истиот период лани. Овој податок се однесува на временски период кој е подолг, поради што не се добива вистинската споредба, сепак, фактот што извозот во зоните расте, со двоцифрени стапки, а тој влегува во вкупниот, говори дека најголеми проблеми всушност има домашното стопанство, односно дека кај нашите компании минусите во вредноста на извезената стока се уште поголеми од просечните.

Бизнис-заедницата во земјава, а особено компаниите кои се извозно ориентирани, подолг период наназад предупредуваат дека нивните странски партнери се' повеќе гледаат со загриженост кон случувањата во земајва, што влијае и врз побарувачката за нивните производи. Од тие причини, стопанските комори бараат од политичките партии што поскоро да се најде решение за излез од кризата, бидејќи во спротивно, како што рекоа, таа ќе има големи последици.

Министерот за економија, Беким Незири, пак, вчера рече дека земјава има капацитет и смета дека оваа криза нема да има негативни влијанија врз економските планови на државата.

Последните податоци на државните статистичари говорат дека вкупниот обем на трговската размена на земјава со странство во април е во минус од дури 18,8 отсто во однос на истиот месец лани. Покрај огромниот пад на извозот од 24,1 отсто, минусот кај увозот изнесува 15,3 проценти.

Всушност, трендот на намалување на извозот почна практично од декември минатата година, во јануари се случи само благ пораст, но во последниве три месеца вредноста на извезените наши стоки во странство продолжува да се движи по надолна линија. Ако се гледа кумулативно, во првите четири месеци годинава нашата размена со светот е намалена за 13,1 отсто во однос на истиот период лани. Во периодот од јануари, заклучно со април годинава, извозот е во минус од 11,4 отсто, додека кај увозот има намалување од 14,2 проценти.

Инаку, според податоците на статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари април 2015 година е 1,35 милијарди долари, а на увозот 1, 998 милијарди. Покриеноста на увозот со извоз е 67,6 отсто. Трговскиот дефицит во првите четири месеци од годинава изнесувал 648 милиони долари. Тој е понизок во однос на истиот период лани, кога бил на ниво од 806 милиони долари.

Инаку, како што соопштува статистика, во извозот било најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали, фероникелот, сетови на проводници, производите од железо и челик и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, електричната енергија и други метали од платинската група.

Најголемо учество во извозот на стоки имале земјите-членки на ЕУ

28, и тие се застапени со 77 отсто, и земјите од Западен Балкан, кои учествуваат со 11,3 проценти. Во увозот на стоки, пак, најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28, или 62,9 отсто, и останатите земји, 11,7 отсто. Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија, на кои отпаѓа 50,4 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

Политичките случувања нема да и' наштетат на економијата

Политичката криза нема негативно да влијае врз економијата во земјава, смета министерот за економија Беким Незири.

„Се разбира дека секоја политичка криза има негативни ефекти врз развој на економијата, но ние како држава имаме капацитет и веќе имаме конкретни резултати. Од тоа што деновиве го гледаме на медиумите, мислам дека Македонија ќе ја помине оваа криза и нема да има негативни влијанија врз економските планови на државата“, нагласи Незири. Во однос на најавата на бизнис-заедниците дека ќе предложат мерки за справување со ударите од политичката криза, Незири рече дека секој нивни предлог ќе биде внимателно разгледан.

„Министерството за економија е отворено за секакви предлози и секако и оние на бизнисмените. Внимателно ќе ги разгледа и ако се позитивни ќе и' ги предложи на Владата“, вели Незири. Тој тврди дека досега од бизнис-заедницата не добил никакви предлог-мерки.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik