Граѓаните се' повеќе се задолжуваат за потрошувачка во домашните банки, но и се' потешко ги враќаат кредитите што претходно ги зеле. Овој заклучок може да се извлече од најновите податоци на Народна банка на Македонија, кои се однесуваат на кредитите одобрени за домаќинствата за октомври оваа година. Не запираат да растат и долговите по основ на минуси на тековните сметки, зборуваат бројките на Централната банка. Во октомври граѓаните добиле на користење вкупно нови кредити во износ од 21 милиони евра. Станува збор само за заемите што ги зеле физичките лица, без самостојните вршители на дејност со личен труд. Односно, на крајот на октомври граѓаните по основ на кредити кон банкарскиот сектор должеле 2,02 милијарда евра, што е за 21 милион евра повеќе од еден месец претходно, кога долгот бил 1,99 милијарда евра. Или, секој граѓанин во просек должи по минимум илјада евра, говорат пресметките.
Граѓаните се' повеќе се задолжуваат за потрошувачка во домашните банки, но и се' потешко ги враќаат кредитите што претходно ги зеле. Овој заклучок може да се извлече од најновите податоци на Народна банка на Македонија, кои се однесуваат на кредитите одобрени за домаќинствата за октомври оваа година. Не запираат да растат и долговите по основ на минуси на тековните сметки, зборуваат бројките на Централната банка.
Во октомври граѓаните добиле на користење вкупно нови кредити во износ од 21 милиони евра. Станува збор само за заемите што ги зеле физичките лица, без самостојните вршители на дејност со личен труд. Односно, на крајот на октомври граѓаните по основ на кредити кон банкарскиот сектор должеле 2,02 милијарда евра, што е за 21 милион евра повеќе од еден месец претходно, кога долгот бил 1,99 милијарда евра. Или, секој граѓанин во просек должи по минимум илјада евра, говорат пресметките.
Потрошувачките кредити се убедливо во највисок износ, но во октомври нивниот раст бил во „мртва трка“, па дури и понизок од зголемувањето кај станбените кредити. Односно, на крајот на десеттиот месец од годинава граѓаните по основ на потрошувачки кредити должат вкупно 1,02 милијарда евра, или за седум милиони евра повеќе отколку во септември. Потрошувачките кредити главно се користат за егзистенцијални потреби, а често и за набавка на апарати за домаќинството, за образование или, пак, за годишни одмори. Потрошувачките кредити се земаат и за набавка на автомобили, се разбира, оние што можат да се вклопат во нивните дозволени максимални суми, со оглед што класичните автомобилски кредити се неатрактивни заради построгите критериуми. А, често домашните банки одобруваат и потрошувачки кредити за „интегрирање“ на по неколку кредитни картички од различни банки, со што на клиентот му се олеснува исплатата.
Во октомври граѓаните се задолжувале и за да купат стан или да изградат куќа, па за таа намена банките одобриле нови кредити од околу девет милиони евра. Сепак, сумата на вкупните станбени заеми е многу помала од онаа на потрошувачките и изнесува околу 547 милиони евра.
Кај кредитните картички нема голем пораст во октомври и тој изнесува само 570 илјади евра, со што нивото на овој долг на граѓаните сега е 203 милиони евра.
Негативните салда на тековните сметки, пак, преку кои се премостуваат ниските плати на граѓаните, не запираат да растат во текот на секој месец. На крајот на октомври тие достигнале над 104 милиони евра, што е месечен раст за повеќе од два милиони евра. А, каматните стапки се највисоки токму за кредитните картички и за минусите и изнесуваат над 11 проценти.
„Постојано се обидувам барем малку да го намалам минусот на мојата тековна сметка, кој е одобрен на износ од околу две мои плати бидејќи се големи средствата што се одлеваат за камата. Но тоа е невозможно кога имам и ниска, а и нередовна плата“, вели една жителка на главниот град.
По основ на други кредити граѓаните должат околу 71 милион евра, исто колку и претходниот месец.
А во октомври граѓаните, кои важат за дисциплинирани клиенти, потешко ги враќале банкарските кредити.
Односно, спорните и сомнителните заеми, со кои клиентите имаат потешкотии со отплатата на ратите, достигнале до 55 милиони евра, што е за 1,5 милион евра повеќе во однос на септември.
Само за камати за кредитите што ги користеле, граѓаните на банките во октомври им платиле вкупно 13 милиони евра, за 260 илјади евра повеќе во однос на претходниот месец.