Владата потрошила 225 милиони евра за 10 години на 25 странски компании кои вработиле 20 илјади лица, oбјави денеска на прес-конференција за јавноста, владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Станува збор за државна помош во кеш грантови, даночни и царински ослободувања и трошоци за привлекување странски инвестиции. Во просек еден вработен ја чинел државата 11 илјади евра. За некои компании се трошеле по приближно 1000 евра, а за некои 11.000 евра, бидејќи немало критериуми како ќе се делат парите. Владиниот портпарол рече дека според Анализата, државата се откажала од 69 милиони евра данок и царини. Притоа, на прес-конференцијата беше потенцирано дека не постоеле критериуми за преговарање. Преговарале советници министри и потоа ги класифицирале документите.
Владата потрошила 225 милиони евра за 10 години на 25 странски компании кои вработиле 20 илјади лица, oбјави денеска на прес-конференција за јавноста, владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Станува збор за државна помош во кеш грантови, даночни и царински ослободувања и трошоци за привлекување странски инвестиции. Во просек еден вработен ја чинел државата 11 илјади евра. За некои компании се трошеле по приближно 1000 евра, а за некои 11.000 евра, бидејќи немало критериуми како ќе се делат парите.
Владиниот портпарол рече дека според Анализата, државата се откажала од 69 милиони евра данок и царини. Притоа, на прес-конференцијата беше потенцирано дека не постоеле критериуми за преговарање.
Преговарале советници министри и потоа ги класифицирале документите. Договорите сè уште се валидни и активни, информираше денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на презентацијата на „Анализата на трошоците – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија“ за периодот од 2007 до мај годинава. За обуки на вработените биле потрошени 5 милиони евра, при што, за некои сумата изнесувала 100 евра, а за некои 3000 евра.