Граѓаните во јули вратиле во банките 19 милиони евра

Bez autora
Aug 24 2016

Раст на депозитите, но пад на кредитирањето на месечна основа, покажуваат податоците што ги објави Народна банка на Македонија на својата веб- страница, кои се однесуваат за јули годинава. По тримесечен пад, вкупните депозити во банкарскиот сектор на земјава во јули конечно доживеале раст, за 10,1 милиони евра, иако тој плус се' уште е далеку од добрите денови на раст на влоговите. Односно, на крајот на седмиот месец од годинава вкупните влогови во банкарскиот систем достигнале ниво од 4,823 милијарди евра, што е за 10 милиони евра повеќе од претходниот месец.

Граѓаните во јули вратиле во банките 19 милиони евраРаст на депозитите, но пад на кредитирањето на месечна основа, покажуваат податоците што ги објави Народна банка на Македонија на својата веб- страница, кои се однесуваат за јули годинава.

По тримесечен пад, вкупните депозити во банкарскиот сектор на земјава во јули конечно доживеале раст, за 10,1 милиони евра, иако тој плус се' уште е далеку од добрите денови на раст на влоговите.

Односно, на крајот на седмиот месец од годинава вкупните влогови во банкарскиот систем достигнале ниво од 4,823 милијарди евра, што е за 10 милиони евра повеќе од претходниот месец.

Во текот на претходните три месеци, пак, најголем пад на депозитите беше регистриран во април и во мај, што беше причина НБМ да ја затегне монетарната политика, односно да ја зголеми основната камата на 4 отсто. Падот на депозитите продолжи и во јуни, за 12,5 милиони евра. А, тој конечно е стопиран во јули и се префрла во зоната на раст, говорат податоците на централната банка.

Бројките покажуваат и дека и натаму повеќе се штеди во девизи, бидејќи депозитите во странска валута пораснале за близу 7 милиони евра, додека растот на влоговите во денари изнесува нешто над три милиони евра.

Она што треба да радува е порастот на штедните влогови на граѓаните, како главен и најбитен носител на депозитите во банкарскиот сектор. Тие во јули, по неколкумесечното повлекување, вратиле во банките 19 милиони евра, така што сега нивото на депозити на домаќинствата е 3,37 милијарди евра, иако се' уште не може да го достигне нивото пред да почне повлекувањето.

Пораст има и кај депозитите на компаниите, кој е поскромен и изнесува 4 милиони евра. Но, затоа во јули паднале влоговите на останатите финансиски институции, каде што влегуваат осигурителни куќи и пензиски фондови, и тоа за околу осум милиони евра, а намалување има и кај депозитите на непрофитните институции што им служат на домаќинствата, за три милиони евра.

Но, за разлика од депозитите, кредитирањето разочарува во јули. Односно, тоа на вкупно ниво паднало за 12 милиони евра, а она што е особено негативно, е дека значајно е намалено одобрувањето кредити за компаниите, и тоа за 23 милиони евра.

А, всушност целта на сите мерки на централната банка е да се редуцираат кредитите за потрошувачка, а да се поттикнат оние што ги добива бизнис-секторот. А, за разлика од месечниот пад на заемите за фирмите, кредитите за граѓаните пораснале за 12 милиони евра.

Во јули продолжило намалувањето на лошите кредити и тие во седмиот месец изнесуваат 333 милиони евра, што е 7,5 отсто од вкупното кредитно портфолио. Најзначајниот пад на нефункционалните заеми се случи во јуни, кога тие се сведоа на 333,4 милиони евра.

Според банкарите, главна причина за ваквото значајно намалување е новата одлука на НБМ од 30 јуни годинава, според која сите досегашни побарувања на банките, без разлика дали кај правни или кај физички лица, кои пред две години се резервирани 100 отсто, мораше да се отпишат одеднаш.

Тоа е причина што се намалија наеднаш нефункционалните кредити. Таа мерка ќе продолжи и во наредниот период, односно отпишувањето на сите вакви побарувања ќе се врши на месечна основа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik