Градежната „локомотива“ на чело на македонската економија

Bez autora
Dec 16 2015

Градежништвото повторно ја „повлече“ напред македонската економија, па во третиот квартал од годинава таа порасна за 3,5 отсто. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека градежниот сектор во претпоследните три месеци забележал раст од точно 29,4 отсто, што е драстичен скок во однос на претходните квартали во кои растот бил 2,8 отсто во второто и 5,4 отсто во првото тримесечје. На ваквите бројки влијаат повеќе фактори, но сите се согласни дека големиот скок во градежниот сектор треба да се припише на зголемениот обем на работа на трите автопати Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Иако не се работи за нови проекти, факт е дека конкретните градежни активности на терен се почнати во втората половина од годината, откако им претходеше долготрајната фаза на мобилизација на градилиштата, што подразбира проекти, документација, воведување во работа, решавање на имотноправни работи и слични активности.

Градежната „локомотива“ на чело на македонската економијаГрадежништвото повторно ја „повлече“ напред македонската економија, па во третиот квартал од годинава таа порасна за 3,5 отсто. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека градежниот сектор во претпоследните три месеци забележал раст од точно 29,4 отсто, што е драстичен скок во однос на претходните квартали во кои растот бил 2,8 отсто во второто и 5,4 отсто во првото тримесечје.

На ваквите бројки влијаат повеќе фактори, но сите се согласни дека големиот скок во градежниот сектор треба да се припише на зголемениот обем на работа на трите автопати Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Иако не се работи за нови проекти, факт е дека конкретните градежни активности на терен се почнати во втората половина од годината, откако им претходеше долготрајната фаза на мобилизација на градилиштата, што подразбира проекти, документација, воведување во работа, решавање на имотноправни работи и слични активности. А, според Стопанската комора на Македонија, на растот влијаат и активностите на магистралниот гасовод од Клечовце до Штип, како и на голем број објекти од високоградбата.

„На почетокот од годината, бидејќи зборуваме за ангажман во патната инфраструктура, градежниците ги дефинираа трасите, потоа, постепено се почна со земјените работи, така што на одделни делници максимално се работи на поставување на горните слоеви на трасите. Тоа придонесува за максимално ангажирање на целокупната оператива. Поради тоа во градежништвото имаме постепено зголемување на растот“, вели Марија Петроска, секретар на Здружението на градежништвото при Стопанската комора на Македонија.

Таа смета дека и временските услови беа наклонети кон самата активност на градежниците, при што се постигнува максимално ангажирање на работната рака, на механизацијата и опремата. Оттаму и континуинираниот пораст на искористување на ефективните работни часови кои, според Петреска достигна зголемување од 12,9 отсто, што несомнено има големо влијание на порастот на градежништвото.

„Според претходно изнесените податоци, како и според последните податоци од Државниот завод за статистика за деветте месеци од 2015 година градежништвото бележи пораст, така што, во договорените градежни работи порастот изнесува 66,5 проценти, а кај извршените градежни работи 40,8 отсто. Оттука градежништвото, според сите индикатори, бележи и континуиран на раст на БДП, со пораст од 29,4 проценти“, вели Петреска.

И во најголемата и најуспешна градежна компанија во Македонија, „Гранит“, која е ангажирана на двата нови автопата, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, сметаат дека не е невозможно растот на градежништвото да биде толку голем, особено ако се има предвид дека само растот на „Гранит“ до крајот на септември годинава изнесува 8, а по консолидиран биланс 20 отсто. Вкупниот приход на оваа компанија во првите девет месеци од годинава изнесува 4,1 милијарди денари. А, во градежните активности во државата, покрај „Гранит“ се вклучени и многу други градежни фирми. Во компанијата потенцираат дека од мај, јуни, практично е многу зголемен обемот на работа на автопатите, кога и почнале сите градежни работи, со оглед на тоа дека до средината на април било многу тешко да се работи на терен поради лошите временски услови.

Но, сите градежни работници не се многу сигурни од каде потекнуваат, според нив преоптимистичките бројки во градежништвото. „Ние како градежници не го чувствуваме тоа толку многу ако станува збор за раст во физички обем, бидејќи се работи на 2-3 инфраструктурни објекти. Иако тоа може да биде резултат и на отворање на повеќе инвестициски циклуси во државните институции, односно, многу општини во договор со Владата преземаат редица инфраструктурни проекти, како водоводи, локални патишта. Мислам дека, и покрај се', бројките се одраз на општествено-политичката ситуација во државата, бидејќи влегуваме во период пред избори, па многу активности се интензивираат и има раздвижување. Сепак, растот најверојатно се темели на финансиски обем, што значи има плаќање на извршените работи по застојот што го имаше одреден период, што секако е поврзано со претстојните избори. Само тоа може да биде причината, оти во физички обем ние не гледаме толку радикален скок“, вели Никола Велковски, член на Управниот одбор при Здружението на градежници при Стопанската комора на Македонија.

Како и да е, бројките на Државниот завод за статистика упатуваат на констатацијата дека градежништвото се' уште е „локомотивата“ на македонската економија. Интензивирањето на активностите на новите два автопата, на Демир Капија – Смоквица, но и неколкуте други проекти главно од нискоградбата, како што се изградба на или рехабилитација на магистрални и регионални патни правци влеваат надеж дека и последниот квартал од годинава ќе биде исто така добар и ќе покаже можеби не толкав раст, но секако позитивни бројки.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik