Градежниците најзадолжени и најтешко враќаат кредити

Bez autora
Dec 22 2015

Градежните компании се најзадолжени и имаат најмногу тешкотии со враќањето на кредитите што ги зеле од домашните банки. Од тие причини, новото земање заеми во наредниот период ќе биде отежнато, што може да влијае негативно врз растот на оваа дејност. Најголем придонес во порастот на нефункционалните кредити имаа дејностите ’градежништво и дејности во врска со недвижен имот‘ и ’трговија на големо и мало‘, додека ’индустријата‘ придонесе за намалување. Кај домаќинствата, стапката на нефункционалните кредити и натаму се намалува, главно поради забрзаниот кредитен раст на ниво на овој сектор.

Градежниците најзадолжени и најтешко враќаат кредитиГрадежните компании се најзадолжени и имаат најмногу тешкотии со враќањето на кредитите што ги зеле од домашните банки. Од тие причини, новото земање заеми во наредниот период ќе биде отежнато, што може да влијае негативно врз растот на оваа дејност. Овие заклучоци може да се изведат од најновиот извештај на Народна банка на Македонија, кој се однесува на ризиците во банкарскиот систем во третиот квартал од годинава.

„Најголем придонес во порастот на нефункционалните кредити имаа дејностите ’градежништво и дејности во врска со недвижен имот‘ и ’трговија на големо и мало‘, додека ’индустријата‘ придонесе за намалување. Кај домаќинствата, стапката на нефункционалните кредити и натаму се намалува, главно поради забрзаниот кредитен раст на ниво на овој сектор“, наведува централната банка во својот извештај.

Сепак, има сигнали за можни растечки ризици кај домаќинствата, поради продолжениот забрзан раст на потрошувачките кредити, при олеснети услови за кредитирање. Од централната банка смируваат дека високата покриеност на кредитите со издвоената исправка на вредноста го неутрализира ризикот за сопствените средства на банките.

Градежниот сектор е една од најбрзорастечките од аспект на обемот на кредитирање. На крајот на септември годишниот раст на кредитите на оваа дејност изнесувал 12,1 отсто, што е мало забавување во однос на 13,6 отсто во претходниот квартал, но се' уште е двојно повисок од кредитниот раст општо кон фирмите. Тоа, како што велат од НБМ, се поврзува со солидниот годишен раст на вредноста на извршените градежни работи.

Ризичноста на побарувањата од оваа дејност, согледана преку податоците од завршните сметки на компаниите за 2014, упатува дека градежништвото бележи најголемо годишно влошување на показателите за задолженоста, во однос на останатите дејности. Нивото на задолженост го ограничува капацитетот на градежниот сектор за нови задолжувања, е еден од заклучоците во анализата.

„Нефункционалните кредити кај оваа дејност имаат највисоко учество, односно 24,5 отсто во споредба со другите дејности од секторот на компаниите, што ја издвојува оваа дејност како најризична. Во третиот квартал од годинава ова учество достигна ново рекордно ниво, што се должи на забрзувањето на и онака високата годишна стапка на раст на нефункционалните кредити на градежништвото, која изнесува 39,7 отсто на крајот на јуни годинава и 46,1 отсто на крајот на септември, при само мало забавување на растот на вкупните кредити на оваа дејност“, велат од НБМ.

Од централната банка потенцираат дека растот на лошите кредити во градежништвото не е одраз на целата дејност, туку произлегува само од неколку нефинансиски друштва.

Инаку, општо кога станува збор за фирмите, во третиот квартал од годинава банките го намалиле нивното кредитирање во однос на претходното тримесечје, од 1,6 отсто на крајот на јуни, на минус 0,4 отсто на крајот на септември. Додека, пак, годишниот раст на кредитната поддршка на овој сектор забави, и тоа од 6,8 отсто на крајот на јуни, на 5,9 отсто на крајот на септември. Ова движење, во услови на раст на нефункционалните кредити на фирмите, придонесе за зголемување на и онака високата ризичност на побарувањата на банките од овој сектор.

Од НБМ велат дека учеството на нефункциконалните кредити во вкупните се движи во рамки на вообичаеното ниво за последните две години, меѓу 11 и 12 отсто. Годишниот раст на нефункционалните кредити видно забави, сведувајќи се на 11,7 отсто на крајот на третиот квартал од 2015. Сепак, во споредба со јуни, има мало влошување и тоа се должи единствено на движењата кај фирмите.

Кај нив ова учество има позначително нагорно поместување и на крајот на третиот квартал достигна 16,6 отсто. Или, секоја шеста компанија во земјава има проблем со враќање на ратите кон банките. Овој раст на учеството на лошите заеми, покрај од растот на нефункционалните кредити, произлегува и од намалената кредитна поддршка на овој сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik