Градежниците учат како да дојдат до средства од Светска банка

Bez autora
Nov 03 2016

Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) во соработка со Министерството за финансии и Светска банка вчера во Штип пред компаниите од овој регион кои работат во градежниот сектор ги презентираа можностите и процедурите за добивање заеми. Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева, рече дека во рамките на овој информативен настан на тема „Јавни набавки во согласност со правилата и процедурите на Светска банка“, имаа можност да се запознаат и со правилата и процедурите за набавка на Светска банка, нивна примена при набавка на добра и градежни работи. Овој настан се однесува за добивање заеми и кредити, но конкретно наменети за субјекти од областа на инфраструктурата, значи градежни фирми. Независно од тоа за каква дејност се работи и во досегашниот период голем број на компании поднесуваа апликации до Светска банка и до Министерството за финансии за обезбедување вакви заеми и кредити. Но, за жал, посебно кај малите организации бидејќи не располагаат со доволно кадри или немаат капацитет, апликациите им беа отфрлени, рече Здравева.

Градежниците учат како да дојдат до средства од Светска банкаЦентарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) во соработка со Министерството за финансии и Светска банка вчера во Штип пред компаниите од овој регион кои работат во градежниот сектор ги презентираа можностите и процедурите за добивање заеми.

Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева, рече дека во рамките на овој информативен настан на тема „Јавни набавки во согласност со правилата и процедурите на Светска банка“, имаа можност да се запознаат и со правилата и процедурите за набавка на Светска банка, нивна примена при набавка на добра и градежни работи.

„Овој настан се однесува за добивање заеми и кредити, но конкретно наменети за субјекти од областа на инфраструктурата, значи градежни фирми. Независно од тоа за каква дејност се работи и во досегашниот период голем број на компании поднесуваа апликации до Светска банка и до Министерството за финансии за обезбедување вакви заеми и кредити. Но, за жал, посебно кај малите организации бидејќи не располагаат со доволно кадри или немаат капацитет, апликациите им беа отфрлени“, рече Здравева.

Таа истакна дека токму овој информативен настан треба да им помогне на компаниите и да им објасни на кој начин треба да аплицираат за добивање заеми и кредити од Светска банка.

„На овој настан што го организиравме во Штип се присутни доста мали и средни претпријатија и се надевам дека ќе им помогне во нивните понатамошни активности за обезбедување средства преку Светска банка и Министерството за финансии. Средствата се наменети за самите градежни компании за набавка на машини и за изведба на нивни објекти. Значи, во секој случај, за она што тие сметаат дека во моментот им е најпотребно“, рече Здравева.

Таа додаде дека ова е втор информативен настана на Министерството за финансии и Светска банка во Источниот регион, првиот, како што рече, се одржа во Кочани и беше наменет за општините како да ги подобрат своите услуги кон граѓаните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik