Градежништвото ќе расте со јавни пари и странски инвестиции

Bez autora
Aug 12 2014

Актуелниот раст на градежништвото ќе потрае ако продолжат државните градежни инвестиции и вложувањата на странците. Домашниот градежен сектор е во подем, но приватните инвестиции во станови стагнираат, стои во најновата анализа на Народната банка за движењата во градежништвото. Во анализите на познавачите што ги консултираше „Дневник“, преовладува ставот дека градежниот сектор и понатаму ќе биде носечки за вкупниот економски раст во земјата, но на среден рок предвидуваат намалување на градењето станови и деловен простор, активност што и сега стагнира. Според податоците од НБМ, градежната активност во земјата расте континуирано во последната деценија и половина со исклучок на кризните 2001 и 2008 година, а најголемиот раст од цели 34 отсто е забележан во првите три квартали лани до кога е и истражувањето на Народната банка.

Градежништвото ќе расте со јавни пари и странски инвестицииАктуелниот раст на градежништвото ќе потрае ако продолжат државните градежни инвестиции и вложувањата на странците. Домашниот градежен сектор е во подем, но приватните инвестиции во станови стагнираат, стои во најновата анализа на Народната банка за движењата во градежништвото.

Во анализите на познавачите што ги консултираше „Дневник“, преовладува ставот дека градежниот сектор и понатаму ќе биде носечки за вкупниот економски раст во земјата, но на среден рок предвидуваат намалување на градењето станови и деловен простор, активност што и сега стагнира. Според податоците од НБМ, градежната активност во земјата расте континуирано во последната деценија и половина со исклучок на кризните 2001 и 2008 година, а најголемиот раст од цели 34 отсто е забележан во првите три квартали лани до кога е и истражувањето на Народната банка. Во тоа време, растот во градежништвото придонесувал за половината од растот на вкупната економија.

- Ваквите движења во градежната индустрија, делумно, се поврзуваат со влезот на странски капитал во секторот на недвижности. Сепак, во најголема мера овие промени се поврзуваат со јавните инвестиции во инфраструктурни проекти. За разлика од Македонија, земјите од регионот односно во Албанија, Србија, Бугарија и во Хрватска има пад кај градежништвото во истиот период. Следствено, придонесот кон економскиот раст од страна на градежништвото во скорешниот период е позитивен во Македонија, а негативен во земјите од регионот – стои во анализата на централната банка.

Градежниот раст - мотор на економијата

Во исто време позитивен тренд има и учеството на градежништвото во вкупната додадена вредност. Во 2013 година е најголема, односно 9 проценти. Во претходните учеството на овој сектор е во просек 6,5 проценти.

- Структурната анализа покажува дека придонесот на станбената изградба, која вообичаено претставува главен причинител за т.н. циклуси на подем и пад, за вкупниот раст на градежништвото е релативно скромен. Со исклучок на 2010 година, оваа констатација важи за целиот период од 2008 година, наваму. Од друга страна, придонесот на нестанбената високоградба (што делумно може да се поврзе со државните и странските инвестиции), како и на нискоградбата (во голема мера патната инфраструктура) е висок, заклучува НБМ.

И соговорниците на „Дневник“ се децидни дека трајноста на сегашните промени во градежништвото во голема мера ќе зависи од присутноста на фискалниот импулс, како и динамиката на странските инвестиции.

- Сметам дека овој подем ќе потрае, но секако ќе се должи најмногу на јавните инвестиции и во најголем дел на најавените странски инвестиции, тие кои најавија дека ќе градат нови фабрики, особено во слободните зони. Kога станува збор за изградбата на станбени објекти, со оглед на тоа што во претходниот период имаше хиперпродукција, линијата сега е надолна, односно поради презаситеноста на пазарот има стагнација. Инвеститорите се повнимателни, а и купувачите, вели Никола Велковски, претседател на Здружението на градежништво.

Велковски тврди дека би било добро градежништвото да има континуиран раст затоа што повлекува раст и на многу други гранки.

Споредбената анализа покажува дека за разлика од Македонија, во земјите од регионот, односно во Албанија, Србија, Бугарија и Хрватска има пад кај градежништвото во истиот период. Придонесот кон економскиот раст од страна на градежништвото во скорешниот период е позитивен во Македонија, а негативен во земјите од регионот.

Пазарот презаситен од станови

Сеад Kочан, претседател на градежната комора при Сојузот на стопанските комори вели оти во Македонија е добро што растот на градежништвото е следен и со постојано зајакнување на капацитетот на државните институции.

- Kај нас прво беше воспоставен ред во државните институции, зајакнати се. Изградбата на објекти значи и поголеми приходи за државните институции, не завршува приходот само кај поединци како што тоа сега се случува во Албанија и во Kосово. Инаку, генерално е така државата треба да биде носител на повеќе од 70 проценти од градежната активност, приватните инвеститори да носат 30 проценти. Ова од аспект што во Македонија се потребни јавни инвестиции поради недовршената патна и железничка инфраструктура – вели Kочан.

Според податоци на Државниот завод за статистика околу две третини од растот кај извршените градежни работи во 2012 година е заради објекти во јавна сопственост, за разлика од претходните две години, кога јавните градежни работи имаа учество во растот од само една третина.

Ќе паѓаат цените на становите и на дуќаните

Трендот на стагнација на градежната активност на станбен и деловен простор и деловен простор во последниот период ја потврдуваат и во агенциите за недвижности и испитувања на пазарот.

- Пазарот е презаситен, нема купувачи, а има голем избор. Сметам дека градежниот бум што го гледавме во изминатиов период набрзо ќе престане, а голем број компании кои досега инвестираа во згради ќе пропаднат. Станбената изградба стагнира и допрва ќе мирува. Во меѓувреме тоа значи и пад на цената и на становите и на дуќаните. Насекаде гледаме празни, а нови дуќани, вели Оливер Димитровски, сопственик на „Њу веј“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik