Градежништвото го креваат и патиштата, но и становите

Bez autora
Sep 13 2016

Веќе не е никаква новина кога ќе се каже дека градежништвото, не само што е клучниот, туку можеби и единствениот мотор на македонската економија. Доколку градежниот сектор не ги остварува своите фрапантно високи стапки на раст, бруто-домашниот производ на земјава не само што нема да оди по нагорна линија, туку можно е дури да регистрира и негативни стапки на раст. Таква беше и состојбата во вториот квартал од годинава, кога токму благодарение на огромната стапка на пораст на секторот градежништво од дури 31 отсто, домашната економија успеа да испорача стапка на раст од 2,2 проценти. Под ударот на големата политичка криза, македонскиот БДП од почетокот на годинава веќе ги покажа првите посериозни знаци на слабост, остварувајќи позитивни стапки на раст од само два отсто во првиот квартал, и 2,2 проценти во второто тримесечје, или просечно 2,1 отсто во првото полугодие.

Градежништвото го креваат и патиштата, но и становитеВеќе не е никаква новина кога ќе се каже дека градежништвото, не само што е клучниот, туку можеби и единствениот мотор на македонската економија. Доколку градежниот сектор не ги остварува своите фрапантно високи стапки на раст, бруто-домашниот производ на земјава не само што нема да оди по нагорна линија, туку можно е дури да регистрира и негативни стапки на раст.

Таква беше и состојбата во вториот квартал од годинава, кога токму благодарение на огромната стапка на пораст на секторот градежништво од дури 31 отсто, домашната економија успеа да испорача стапка на раст од 2,2 проценти. Под ударот на големата политичка криза, македонскиот БДП од почетокот на годинава веќе ги покажа првите посериозни знаци на слабост, остварувајќи позитивни стапки на раст од само два отсто во првиот квартал, и 2,2 проценти во второто тримесечје, или просечно 2,1 отсто во првото полугодие. Тоа е многу мала стапка во споредба со првичните очекувања за раст кој би се остварил оваа година, а кои се движеа дури и до 4 проценти. Но, дури и оваа стапка од 2,2 проценти во вториот квартал ќе беше „мислена именка“, доколку економијата не ја повлечеше напред секторот градежништво.

Како се движеле стапките на раст на градежништвото во минатата и во првата половина од оваа година? Во првите два квартали лани тие биле значајно послаби, односно изнесувале само 5,4 отсто во првото и 2,8 проценти во второто тримесечје. Но затоа, третиот и четвртиот квартал од 2015 буквално „газат“ со своите високи стапки на раст, кои се на ниво од 29,4 отсто и 33,7 отсто соодветно. Или, за цела мината година стапката на раст во овој сектор достигнува одлични 16,8 отсто, и всушност таа е моторот на растот од 3,7 отсто кој го оствари домашната економија. Во првиот квартал од годинава, пак, градежништвото оствари солидна, но не импозантна стапка на раст од 7,7 отсто, но затоа во вториот таа достигнува до огромни 31 процент.

Од градежниот сектор во земјава велат дека овие стапки на раст на се очекувани. Овој сектор го креваат и изградбата на патишта, но и на становите.

„Во нашата земја поголемо внимание се посветува на изградба на инфраструктурни објекти, но не е занемарлива и изградбата на објектите во високоградбата, така што е ангажирана оперативата. Стапката на раст на БДП во градежништвото во последните неколку години бележи зголемување, така што тој тренд продолжи и во второто тримесечје од 2016 година, и според статистичките податоци изнесува 31 отсто. Овие податоци се очекувани, од причина што во овој период се извршени градежни работи во вредност од околу 8,5 милијарди денари, со зголемување од околу 21 отсто во однос на првите три месеци од оваа година. Вообичаено, изведбата на објектите од високоградбата учествува со околу 70 отсто, а нискоградбата со околу 20 до 25 отсто, а остатокот е во реконструкција на објектите. Во високоградбата најголемо учество има станбената изградба“, вели Андреа Серафимовски, претседател на Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија.

Притоа, како што објаснува Серафимовски, објектите од нискоградбата државата најчесто ги финансира преку кредити, додека кај станбената изградба доминира приватниот капитал и мал дел државни средства.

„Поголемиот дел од средствата се од кредити за патиштата, а помало учество имаат средствата од државата“, вели претседателот на здружението.

Дали градежниот сектор во земјава е задоволен од овој раст и дали тоа влијае на раст на финансиските резултати на градежните компании?

„Градежништвото отсекогаш работи на пазарни принципи, така што во одредени периоди е во повисок раст, но имало и кога се соочувало со поголеми потешкотии во обезбедување на работа. Затоа, градежниците се присутни и на странски пазари, се' со цел да се амортизираат финансиските проблеми. Во овој период финансиските резултати може да се каже дека се на задоволително ниво“, објаснува Серафимовски.

Од градежниот сектор очекуваат да продолжи или да се задржи ова ниво на раст. „Изведбата на капиталните инвестициони зафати придонесоа и до нови сознанија во градбата, едуцирање на инженерскиот кадар, така што ова ќе биде и добра подлога за настап на странските пазари“, потенцира Серафимовски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik