Млади земјоделци од 18 до 40 години ќе добијат неповратна помош од државата во висина од 10.000 евра за отворање земјоделски фирми или за модернизација на производството. Парите се обезбедени за обновување на производството, за обезбедување нови технологии и практики, за развој на дејноста, повисоки приноси и поголема профитабилност. Исплатата на помошта ќе се прави за едногодишен, двегодишен или тригодишен период, како што побарале земјоделците во рамките на нивните барања. Овој вид финансиска поддршка му се доделува на млад земјоделец кој првпат почнува да се занимава со земјоделска дејност, преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или формира ново земјоделско стопанство.
Млади земјоделци од 18 до 40 години ќе добијат неповратна помош од државата во висина од 10.000 евра за отворање земјоделски фирми или за модернизација на производството.
Парите се обезбедени за обновување на производството, за обезбедување нови технологии и практики, за развој на дејноста, повисоки приноси и поголема профитабилност.
Исплатата на помошта ќе се прави за едногодишен, двегодишен или тригодишен период, како што побарале земјоделците во рамките на нивните барања.
Овој вид финансиска поддршка му се доделува на млад земјоделец кој првпат почнува да се занимава со земјоделска дејност, преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или формира ново земјоделско стопанство.
Потенцијални корисници на поддршката се млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години, носители на земјоделско стопанство запишано во единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои ги исполнуваат условите од програмата за рурален развој.
Списокот на млади земјоделци што ќе добијат грант ќе биде објавен идниот месец. Во Агенцијата за финансиска поддршка во тек е разгледувањето на апликациите со бизнис-плановите за кои државата ќе склучи договори во вкупна вредност од 1,1 милион евра.