Грантови од 5.200 евра за поддршка на претприемаштвото кај младите од немнозинските етнички заедници е новиот проект финансиран од ЕУ во рамките на ИПА, за кој денеска информираа од Фондацијата „Претпремачки сервис за млади“ (ПСМ) на првата информативна сесија за повикот за доделување грантови. Според Александар Филиповски од ПСМ-проектот „Заедно за успех“, кој е дел од програмата ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите, таа има цел да ги вмрежи младите претприемачи од различна етничка заедница. Во рамките на проектот се објавува повик во кој ќе бидат доделувани грантови кои ќе бидат имплементирани од граѓански организации на локално ниво. Активности кои што ќе бидат имплементирани се однесуваат на младинското претприемаштво со инклузија на немнозински етнички групи во кои се очекува да биде подобрена состојбата со младинското претприемаштво, истакна Филиповски.
Грантови од 5.200 евра за поддршка на претприемаштвото кај младите од немнозинските етнички заедници е новиот проект финансиран од ЕУ во рамките на ИПА, за кој денеска информираа од Фондацијата „Претпремачки сервис за млади“ (ПСМ) на првата информативна сесија за повикот за доделување грантови.
Според Александар Филиповски од ПСМ-проектот „Заедно за успех“, кој е дел од програмата ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите, таа има цел да ги вмрежи младите претприемачи од различна етничка заедница.
„Во рамките на проектот се објавува повик во кој ќе бидат доделувани грантови кои ќе бидат имплементирани од граѓански организации на локално ниво. Активности кои што ќе бидат имплементирани се однесуваат на младинското претприемаштво со инклузија на немнозински етнички групи во кои се очекува да биде подобрена состојбата со младинското претприемаштво“, истакна Филиповски.
Тој појасни дека за да се добие грант потребно е да аплицираат минимум две организации кои таргетираат млади претприемачи од различни етнички заедници. Тие потоа треба да адресираат минимум 15 претприемачи кои ќе бидат корисници од активноста што тие треба да ја имплементираат на локално ниво.
Грантовата шема има вкупен фонд од 2.882.271 денари. Грантовите се отворени за граѓански организации, при што се планира да бидат вклучени најмалку 18 граѓански организации. Предлог-проектите треба да бидат со максимално времетраење од шест месеци и да се имплементираат во периодот март-август 2017 година. Овој месец инфо-денови ќе има и во Тетово, Битола и во Штип.