Руската компанија Гришко во средата објави дека ќе гради уште една фабрика во Македонија, во која ќе бидат вработени околу 200 лица. Втората фабрика ќе се гради во Демир Хисар, а првата фабрика за обувки за модерни танци руската компанија ја отвори во демирхисарското село Слепче. Челниците на компанијата денеска остварија средба со македонскиот премиер Никола Груевски, при што го информираа за деталните планови за новата инвестиција. Министерот за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески информираше по средбата дека новата фабрика предвидено е да започне да се гради на почетокот на наредниот месец.
Руската компанија Гришко во средата објави дека ќе гради уште една фабрика во Македонија, во која ќе бидат вработени околу 200 лица.
Втората фабрика ќе се гради во Демир Хисар, а првата фабрика за обувки за модерни танци руската компанија ја отвори во демирхисарското село Слепче.
Челниците на компанијата денеска остварија средба со македонскиот премиер Никола Груевски, при што го информираа за деталните планови за новата инвестиција.
Министерот за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески информираше по средбата дека новата фабрика предвидено е да започне да се гради на почетокот на наредниот месец.
Во првата своја фабрика Гришко вработи 82 лица, кои во моментов работат на производство на обувки. Во фабриката која денеска ја најавуваме ќе бидат вработени околу 200 лица. Се очекува следната година втората фабрика да започне со работа, а во меѓувреме ќе бара работници кои дополнително ќе ги обучи, истакна Павлески.
Сопственикот на компанијата Николај Гришко изрази задоволство од капацитетите на фабриката во Слепче, за која вели дека е современа со одлични услови.
Министерот Павлески ни предложи да изградиме и втор објект, за кој ви ветувам дека брзо ќе биде отворен. Со ова се надевам дека моето вложување во Македонија ќе заврши успешно. Ние работниците треба да ги учиме и обучуваме од нула, бидејќи тие немаат искуство за ваков вид на производство, рече Гришко.
Тој рече дека досега има инвестирано еден милион евра, но посочува дека средствата не се најважни во овој случај, бидејќи тој инвестирал во развој на Република Македонија.
Јас за првпат се наоѓам во земја во која не е спомната корупцијата. Вие имате уникатна Влада. Денеска премиерот Груевски иако е повреден дојде на средбата со мене и затоа му искажувам нему и на целата Влада посебна благодарност за помошта, рече Гришко.