Груевски: ИТ-зоните ќе отворат неколку илјади работни места

Bez autora
Dec 28 2015

Со основање на ИТ-зони во наредните години очекуваме да отвориме неколку илјади работни места за информатички инженери и да овозможиме вработување на невработениот кадар од оваа област, изјави премиерот Никола Груевски. Со Законот за слободни ИТ-зони, што го усвои Владата пред неколку денови, се овозможува влез во зоните на компании од областа на информатичката технологија, кои ќе користат бенефиции и ќе отвораат нови работни места.

Груевски: ИТ-зоните ќе отворат неколку илјади работни местаСо основање на ИТ-зони во наредните години очекуваме да отвориме неколку илјади работни места за информатички инженери и да овозможиме вработување на невработениот кадар од оваа област, изјави премиерот Никола Груевски.

Со Законот за слободни ИТ-зони, што го усвои Владата пред неколку денови, се овозможува влез во зоните на компании од областа на информатичката технологија, кои ќе користат бенефиции и ќе отвораат нови работни места.

Тој најави дека се остварени контакти со повеќе компании од различни држави кои пројавиле интерес по стапувањето во сила на Законот да инвестираат во Македонија, односно дел од своите бизниси да ги донесат во државава, да отворат работни места и да креираат додадена вредност.

„Целта е да се поттикнат компаниите од секторот на информатичка технологија своите следни инвестиции и отворање работни места да ги направат токму во Македонија. Она што ќе го добијат како привилегија од страна на државата е во тие зони да имаат во првите десет години ослободување од данок на добивка, од персонален данок на доход и за нивната опрема што ќе ја увезат да бидат ослободени од ДДВ и од царина. Ако сакаат да градат свои објекти, земјиштето може да го земат на лизинг на долг рок по многу симболична цена, изјави Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik