Македонија е на прво место со раст од 223 проценти според бројот на новоотворени работни места по глава на жител во Европа, а втора е Словачка со раст од 128 проценти или речиси двојно помалку. Ова го посочи премиерот Никола Груевски прашан за коментар за последниот извештај на „Ернст и Јанг“ во кој се анализираат 43 земји во Европа, колкав раст имаат во бројот на новоотворени работни места по глава на жител во 2014 година споредено со 2013 година, по поставувањето камен-темелник на ТИРЗ во Делчево. Раст од 223 проценти е резултат на новите 5.020 работни места во 2014 година што укажува дека Македонија е во сериозен подем на отворање нови работни места како резултат на странските инвестиции, рече премиерот Груевски. Тоа, како што нагласи, укажува дека напорите на Владата и инвестициите кои беа направени во правец на отворање нови технолошко-инудстриски развојни зони и индустриски зони даваат резултати поголеми од очекуваните.
Македонија е на прво место со раст од 223 проценти според бројот на новоотворени работни места по глава на жител во Европа, а втора е Словачка со раст од 128 проценти или речиси двојно помалку.
Ова го посочи премиерот Никола Груевски прашан за коментар за последниот извештај на „Ернст и Јанг“ во кој се анализираат 43 земји во Европа, колкав раст имаат во бројот на новоотворени работни места по глава на жител во 2014 година споредено со 2013 година, по поставувањето камен-темелник на ТИРЗ во Делчево.
- Раст од 223 проценти е резултат на новите 5.020 работни места во 2014 година што укажува дека Македонија е во сериозен подем на отворање нови работни места како резултат на странските инвестиции, рече премиерот Груевски.
Тоа, како што нагласи, укажува дека напорите на Владата и инвестициите кои беа направени во правец на отворање нови технолошко-инудстриски развојни зони и индустриски зони даваат резултати поголеми од очекуваните.
- Охрабрени сме да продолжиме со изградбата на новите ТИРЗ-ови или индустриски зони со цел на многу места во Македонија и во близина на многу градови да има подготвени парцели со целосна инфраструктура за да примаат нови инвеститори, рече Груевски.