Груевски: Се размислува да се воведе и едномесечен зелен картон

Bez autora
Jun 15 2015

Владата подготвува одредени измени во постојната законска регулатива во однос на зелените картони и размислува покрај едногодишниот да се воведе и едномесечен зелен картон, соопшти денеска премиерот Никола Груевски. Сега зелените картони секој може да ги добие за една година, не може за пократко. За возила до 66 киловати чинат околу 60 евра, а 90 евра за над таа граница. Се размислува покрај едногодишниот да се воведе и едномесечен зелен картон за оние што сакаат таа опција да ја одберат, изјави Груевски и додаде дека оваа измена ќе им биде во корист на оние што поретко излегуваат од државава.

Груевски: Се размислува да се воведе и едномесечен зелен картонВладата подготвува одредени измени во постојната законска регулатива во однос на зелените картони и размислува покрај едногодишниот да се воведе и едномесечен зелен картон, соопшти денеска премиерот Никола Груевски.

„Сега зелените картони секој може да ги добие за една година, не може за пократко. За возила до 66 киловати чинат околу 60 евра, а 90 евра за над таа граница. Се размислува покрај едногодишниот да се воведе и едномесечен зелен картон за оние што сакаат таа опција да ја одберат“, изјави Груевски и додаде дека оваа измена ќе им биде во корист на оние што поретко излегуваат од државава. „За оние луѓе кои не излегуваат често од државата, односно патуваат еднаш во годината, еднаш или неколку пати во еден месец, за годишен одмор да се воведе и едномесечен зелен картон кој би чинел 30 евра за оние што имаат патнички возила до 66 киловати, а 50 евра за оние со над 66 киловати“, додаде тој.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik