Халал-стандардот отвора нови пазари за компаниите

Bez autora
Apr 13 2016

Зголемување на извозот, кој во 2015 година вредел 12,5 милиони евра и проширување на пазарот кон Блискиот и Средниот Исток, очекуваат во фабриката за кондиторски производи „Витаминка“ од Прилеп. Тие, заедно со уште пет наши компании вчера добија сертификат за воведен Халал стандард. Поголемата конкурентност, отворањето нови пазари и зголемување на безбедноста на продуктите кои ги произведуваат, се главните причини што мотивирале 33 домашни компании од 2009 година па досега да инвестираат во воведувањето на овој стандард во своето производство, а уште осум компании се во фаза на имплементирање.

Халал-стандардот отвора нови пазари за компаниитеЗголемување на извозот, кој во 2015 година вредел 12,5 милиони евра и проширување на пазарот кон Блискиот и Средниот Исток, очекуваат во фабриката за кондиторски производи „Витаминка“ од Прилеп. Тие, заедно со уште пет наши компании вчера добија сертификат за воведен Халал стандард.

Поголемата конкурентност, отворањето нови пазари и зголемување на безбедноста на продуктите кои ги произведуваат, се главните причини што мотивирале 33 домашни компании од 2009 година па досега да инвестираат во воведувањето на овој стандард во своето производство, а уште осум компании се во фаза на имплементирање.

Денеска во светот околу 1,8 милијарди луѓе, припадници на исламската вера, живеат според халал- правилата, но податоците покажуваат дека секој трет корисник на овие производи во Западна Европа не е муслиман.

Во светот халал-пазарот вреди 2,3 билиони долари, а во Европа околу 70 милијарди долари. Во нашиот регион ова производство тежи околу 2 милијарди долари, што го става меѓу најдинамичните и брзорастечки пазари, кој за македонските компании отвора големи можности.

Освен „Витаминка“, вчера сертификат за Халал добија и фармацевтската компанија „Алкалоид“, живинарската фарма „6 браќа“, компанијата за млечни производи „Хит 73“ од Камењане, „Анета компани“ и „Виапром“ од Охрид.

Добивањето на Халалот за „Витаминка“ го отвора и пазарот на Иран, додека пак за „Хит 73“ пазарот на Кувајт.

„Во завршна фаза се преговорите нашите производи да патуваат за Иран. Над 45 проценти од годишното производство оди за извоз во 40 земји низ светот. Со добивањето на Халал стандардот очекуваме бројот да се зголеми, особено пазарите од муслиманскиот свет“, посочи првиот човек на „Витаминка“ Симон Наумоски.

Инвестицијата за воведување на стандардот ги чини компаниите меѓу 1.000 и 6.000 евра, а договорот се склучува на три години, а сертификатот се обновува секоја година. Министерството за економија веќе четири години доделува субвенции кои ги покриваат трошоците до 70 проценти.

„Секоја компанија која сака да воведе Халал може да аплицира и да добие најмногу до 200.000 денари. Годишно за таа намена се одвојуваат по 2 милиони денари“, посочи министерот за економија Дритон Кучи.

Халал стандардот не се однесува само на производството на месо и месни производи, туку на целокупната прехранбена индустрија, млекото и млечните производи, кондиторската индустрија, производството на мед, делови на хемиската индустрија, фармацијата и козметиката, кожарската индустрија, производство на вода за пиење, банкарството и градежништвото.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik