ХЕ "Козјак" и "Тиквеш" работат турбо

Bez autora
Aug 22 2010

Од почетокот на годинава до средината на август во хидроелектраната "Козјак", сопственост на АД "Електрани на Македонија" - ЕЛЕМ, регистрирана е испорака на електрична енергија од над 190 милиони киловат-часови, со што е надминат досега најдобриот резултат на оваа ХЕ од 179,52 милиони киловат-часови остварен за цела 2006 година. Од ЕЛЕМ велат дека ова е најголемо производство на електрична енергија во "Козјак" од вклучувањето во електроенергетскиот систем на Македонија во 2004 година. Вредноста на досега постигнатиот резултат е од исклучително значење за овој капацитет, со оглед на тоа што "Козјак" и натаму произведува електрична енергија во согласност со потребите на електроенергетскиот систем. Во моментов акумулацијата има водни резерви доволно за производство уште на дополнителни 48 милиони киловат-часови електрична енергија во понатамошниот период.

ХЕ "Козјак" и "Тиквеш" работат турбоОд почетокот на годинава до средината на август во хидроелектраната "Козјак", сопственост на АД "Електрани на Македонија" - ЕЛЕМ, регистрирана е испорака на електрична енергија од над 190 милиони киловат-часови, со што е надминат досега најдобриот резултат на оваа ХЕ од 179,52 милиони киловат-часови остварен за цела 2006 година.

Од ЕЛЕМ велат дека ова е најголемо производство на електрична енергија во "Козјак" од вклучувањето во електроенергетскиот систем на Македонија во 2004 година.

-Вредноста на досега постигнатиот резултат е од исклучително значење за овој капацитет, со оглед на тоа што "Козјак" и натаму произведува електрична енергија во согласност со потребите на електроенергетскиот систем - стои во соопштението.

Во моментов акумулацијата има водни резерви доволно за производство уште на дополнителни 48 милиони киловат-часови електрична енергија во понатамошниот период.

Од ЕЛЕМ информираат дека и хидроелектраната "Тиквеш" се очекува за кратко време да го достигне и надмине производствениот рекорд од 265 милиони киловат-часови, поставен во 1981 година. Според проекциите, овој капацитет тековната година најверојатно ќе ја заврши со произведени над 300 милиони киловат-часови, што ќе се заведе како досега убедливо најголемо производство на електрична енергија во 42- годишното постоење на оваа хидроелектрана.

-Овие производни резултати на хидроелектраните на ЕЛЕМ се должат пред се, на добрата хидролошка состојба, одличната техничка подготвеност на хидроелектраните, квалитетно реализираната прва фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните со кредитот од Светска банка, како и оптималното управување со хидроелектраните и солидната термо-хидро координација на ниво на целата компанија - стои во соопштението од ЕЛЕМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik