Холанѓаните вљубени во Македонија

Bez autora
Jan 18 2017

Саемското претставување на туризмот на Република Македонија за 2017 година почна со саемот за туризам во Утрехт, Холандија, каде Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија како и секоја година, така и оваа ја промовираше туристичката понуда на земјава. Ова е еден од најголемите саеми во Европа кој овозможува вмрежување и полесна размена на контакти со скоро сите земји од светот, а тоа претставува и одлична можност и за приватниот сектор да оствари соработка со тур- оператори, туристички агенции и национални органзации од целиот свет.

Холанѓаните вљубени во МакедонијаСаемското претставување на туризмот на Република Македонија за 2017 година почна со саемот за туризам во Утрехт, Холандија, каде Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија како и секоја година, така и оваа ја промовираше туристичката понуда на земјава.

Ова е еден од најголемите саеми во Европа кој овозможува вмрежување и полесна размена на контакти со скоро сите земји од светот, а тоа претставува и одлична можност и за приватниот сектор да оствари соработка со тур- оператори, туристички агенции и национални органзации од целиот свет.

За време на саемот за туризам, делегација на Агенцијата за туризам оствари средба со бројни тур-оператори од Холандија меѓу кои и Cyclo Travel, NKC, D Travel, Running Tours, Adriatic Vakanties, Fiets, Kras како и многу други, а дел од нив веќе најавија и тури за Македонија уште оваа пролет.

Најголемите тур-оператори кои скоро една декада носат туристи во Македонија – ТУИ и Корендон, изразија задоволство од соработката со земјава и регистрираа пораст на бројот на туристи за почетокот на 2017 година од скоро 10 отсто, во одност на истиот период минатата година.

Холанѓаните, кои традиционално доаѓаат во Македонија се генерално повозрасни, но оваа година изненади интересот на помладата генерација од Холандија. Нивниот фокус е насочен на активности и авантура, а посебно велосипедизам, пешачки тури и планинарење. Кампингот и подолгиот одмор на една дестинација е специфика на оваа нација која се повеќе се ориентира кон Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik