Холандски компании се заинтересирани за инвестирање во македонскиот земјоделски сектор, истакна вршителот на должноста амбасадор на Холандија во Македонија, Питер Верхеен, на денешната средба со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков. Кралството Холандија претставува втор најголем извозник на земјоделски производи во светот и тие во македонското земјоделство гледаат големи можности за инвестирање, соопшти по средбата Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Верхеен изразил уверување дека во иднина Кралството Холандија со експертски тимови ќе му помага на македонското земјоделство, со цел полесно и побрзо приспособување кон новите современи текови во производството на храна. На средбата е констатирано дека соработката на Македонија и на Кралството Холандија е на високо ниво, но на полето на земјоделското производство може да се продлабочува и интензивира.
„Холандски компании се заинтересирани за инвестирање во македонскиот земјоделски сектор“, истакна вршителот на должноста амбасадор на Холандија во Македонија, Питер Верхеен, на денешната средба со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.
„Кралството Холандија претставува втор најголем извозник на земјоделски производи во светот и тие во македонското земјоделство гледаат големи можности за инвестирање“, соопшти по средбата Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Верхеен изразил уверување дека во иднина Кралството Холандија со експертски тимови ќе му помага на македонското земјоделство, со цел полесно и побрзо приспособување кон новите современи текови во производството на храна.
На средбата е констатирано дека соработката на Македонија и на Кралството Холандија е на високо ниво, но на полето на земјоделското производство може да се продлабочува и интензивира.
„Во изминативе неколку години, земјоделството во Македонија доживува вистинска експанзија. Евидентираме зголемување на квантитетот и квалитетот на целокупното земјоделско производство. Позитивни се резултатите во лозаро-винарскиот сектор, во производството на овошје и зеленчук, како и во областа на тутунопроизводството и другите индустриски култури“, нагласил на средбата министерот Цветков.
Министерот го информирал амбасадорот дека заинтересираните фирми за вложување во откупно-дистрибутивни центри имаат можност да добијат и државно земјоделско земјиште, а со цел обезбедување поволни услови за стопанисување, подготвени се и голем број даночни олеснувања, како и можност за брзо регистрирање компанија.