Министерот за економија, Крешник Бектеши во сабота се сретна со хотелиерите од охридско-струшкиот регион, кои како главни проблеми со кои се соочуваат му ги посочија нелојалната конкуренција, туристичките агенции на црно, субвенциите, лошата инфраструктура и хаосот во такси превозот. Хотелиерите побараа инспекции кои би ги казнувале човек-агенциите кои нудат сомнителни аранжмани. Тие екскурзии и услуги се даваат на нападен начин на странските туристи каде што веќе имаме реакции од истите и би побарале координативна акција на инспекциските служби во таа насока, меѓутоа и активна вклученост на МВР во спречување на овие девијантни појави, изјави Асим Меџедовиќ, член на Хотам.
Министерот за економија, Крешник Бектеши во сабота се сретна со хотелиерите од охридско-струшкиот регион, кои како главни проблеми со кои се соочуваат му ги посочија нелојалната конкуренција, туристичките агенции на црно, субвенциите, лошата инфраструктура и хаосот во такси превозот.
Хотелиерите побараа инспекции кои би ги казнувале човек-агенциите кои нудат сомнителни аранжмани.
„Тие екскурзии и услуги се даваат на нападен начин на странските туристи каде што веќе имаме реакции од истите и би побарале координативна акција на инспекциските служби во таа насока, меѓутоа и активна вклученост на МВР во спречување на овие девијантни појави“, изјави Асим Меџедовиќ, член на Хотам.
Незадоволство кај хотелиерите има и со такси превозот, а себара и намалување на ДДВ-то кај храната и пијалаците од 18 на 5%.
„Подобрувања во таа насока, подобрувања во насока на инфраструктура, краткорочно работење, отворање на бродски линии во езерата на Македонија со кои би се придонело на полесен транспорт“, изјави Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.
Министерот Бектеши вети дека владата ќе ги разгледа нивните барања и ќе излезе во пресрет за брза реализација.
„Ние овие мерки ќе ги анализираме, ќе ги продискутираме во владата и верувам дека ќе најдеме заедничко решение за да ги исполниме сите овие мерки што се предлагаат“, изјави Крешник Бектеши, министер на економија.